2.8 C
Скопје
20:46 - 18 декември, 2024

НОВОТО МЕЃУНАРОДНО ИСТРАЖУВАЊЕ ОТКРИВА: Каде во светот се пие најмногу?

вино

Дали некогаш сте се запрашале каде во светот се пие најмногу ?

Епа, меѓународното истражување на „Global Drugs Survey“ покажа дека Австралијците се опивале во просек 27 пати годишно во 2020 година, што е речиси двојно повеќе од глобалниот просек од 15 пати годишно. Истражувањето исто така покажа дека речиси четвртина од Австралијците жалат што се опијаниле, пренесува „The Guardian“.

Истражувањето опфатило 32.000 луѓе од 22 земји ширум светот. Истражувачите ги прашале колку пати консумирале алкохол или дрога во изминатата година. Утврдено е дека Австралијците пијат алкохол во просек две ноќи неделно и биле многу пијани барем еднаш на секои две недели.

via GIPHY

 

По бројот на интоксикации неделно ги надминале само Французите, кои, како што се испостави, пиеле три пати неделно. Австралијците кои учествувале во истражувањето исто така морале да повикуваат брза помош три пати почесто од светскиот просек, поради пијанство (3,9 отсто од нив во споредба со глобалниот просек од 1,2 отсто).

За среќа или за жал, земјите на Балканот не биле дел од ова истражување. Имено, учествувале жители на Германија, Нов Зеланд, САД, Австралија, Франција, Велика Британија, Австрија, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Финска, Ирска, Данска, Бразил, Мексико, Белгија, Романија, Канада, Шпанија, Шведска, Полска и Италија.

via GIPHY

 

„Статистиката е загрижувачка“

Извршната директорка на Фондацијата за истражување и едукација за алкохол, Катерина Џиорџи нагласи дека овие статистики се „загрижувачки“ и дека допрва треба да се открие јасната слика за штетните ефекти од консумирањето алкохол за време на пандемијата.

„Австралија е на врвот во светот по бројот на случаи во кои луѓето пријавиле дека се опивале, но и во однос на барање итна медицинска помош поради алкохол… И двата показатели укажуваат дека луѓето пијат до доста алармантни нивоа“, рече таа.

via GIPHY

 

„Исто така, видовме нагло зголемување на повиците за помош поврзани со употреба на дрога и алкохол и зголемена вклученост на алкохол во случаи на семејно насилство. Има значителен дел од луѓе кои пијат загрижувачки големи количини на алкохол за да се справат со стресот и анксиозноста. Тешко е да се влијае на навиките додека живееме во време на пандемија“, додаде таа.

Истражувањето покажало дека има зголемување на продажбата на алкохол во вредност од 3,3 милијарди долари, а годинава овој тренд продолжува да расте.

via GIPHY

 

Истражувачот на Глобалното истражување за дрога, д-р Моника Барат, верува дека високата стапка на пијанство во Австралија може да биде поврзана и со фактот дека повеќето земји немаа толку силни ограничувања поради пандемијата на коронавирусот како Австралија.

via GIPHY

 

Ова се првите 10 земји во однос на фреквенцијата на пиење:

1. Австралија
2. Данска
3. Финска
4. САД
5. Обединетото Кралство
6. Канада
7. Ирска
8. Франција
9. Шведска
10. Холандија

Слични објави

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....