3.8 C
Скопје
22:36 - 11 март, 2026

Необични места во Европа кои морате да ги посетите (ФОТО)

Европа е чудесен континент кој има многу природни и културни богатство кои ги посетуваат луѓе од сите краеви на светот.

Сепак, во Европа има и необични места, кои не се толку познати, но кога ќе слушнете за нив, веднаш добивате желба да ги видите:

Кјерагболтен, Норвешка

Кјерагболтен е карпа која се наоѓа на планината Кјераг во Норвешка. Некој првично ќе помисли дека карпа не може да биде интересна, но кога ќе сфатите дека тоа всушност е карпа која поради својата невообичаена положба буквално лебди во воздух, тогаш ви станува јасно дека љубителите на природата први ќе сакаат да сведочат на оваа необична формација. 

Селото на Попај, Малта 

Сите кои ја посетиле Малта веројатно слушнале за селото на познатиот морнар, бидејќи стана вистинска атракција. Ова село е направено пред неколку децении, кога беше создаден и популарниот цртан филм.

Денеска воопшто не е невообичаено овде да се запознаете со Попај или Олива, кои на влезот од селото ќе ве почестат со чашка вино.

Покрај уживање во разгледување на необичното село, вие ќе можете да уживате и во возење на бротче или во гледање на секојдневните театарски претстави.

Метеори, Грција

Многумина имаат слушнато за манастири помеѓу облаците. Порано манастир на врв на карпа во Грција беше премногу, а моментално во оваа земја има шест такви. Ова несекојдневно место за изградба на манастири историчарите го објаснуваат како исконска потреба на верниците да бидат потполно одделени од остатокот од светот.

Денеска можете да дојдете до самиот манастир со помош на скалила, а возможно е да им се доближите и со автомобил.

Тинто, Шпанија

Реката Тинто протекува од градот Хуелва на југозапад во Шпанија. Самото име на реката всушност значи „обоен“ на шпански јазик, а оваа река името го добила токму поради необичната боја.
Подрачјето околу реката со векови било рудник за бакар, злато и други метали.

По толку години рударство, високото ниво на железо буквално се стопило во реката, со што ја направило оваа река посебна и поинаква од сите останати.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....