-0.2 C
Скопје
22:00 - 18 февруари, 2026

НЕОБИЧЕН ТРИК КОЈ ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ: Хулахопките ќе ви траат многу подолго

девојка

Модните експерти велат дека постои одличен трик кој ги штити хулахопките од кинење, открива „The Sun“.

Постапката е следна – прво натопете ги, па ставете ги во кеса и потоа ставете ги во замрзнувач. Оставете ги во замрзнувачот цела ноќ. Одмрзнете ги на радијатор наутро и можете да ги носите.  Оваа постапка ги зајакнува влакната во хулахопките и ги прави поотпорни на оштетување.

Стилистката Дениз Колдвел вели дека замрзнувањето ја зачувува бојата на хулахопките, го спречува создавањето на топчиња на нив и ги одбива влакната што можат да се залепат на нив. Покрај класичните хулахопки, овој трик помага и кај мрежестите.

хулахопки

Новинарка го тестирала овој трик

Антониа Хојл , новинарка на „Daily Mail“ пред неколку години тестирала колку навистина е ефикасен овој трик. Хојл вели дека постои теорија дека температурите под нулата го зајакнуваат материјалот. Студот делува на молекулите на хулахопките така што откако ќе се вратат на собна температура тие стануваат поотпорни и нема да се скинат толку лесно како што обично се случува.

Антониа натопила нов пар хулахопки во ладна вода, ги ставила во кеса и потоа ги ставила во замрзнувач. Следниот ден ја пречекало парче мраз со хулахопки. Биле потребни осум часа за да се одмрзнат, а потоа изгледале сосема нормално како порано.

хулахопки

Ги облекла и под прстите почувствувала како конците во нив да се подебели од порано. Таа тврди дека навистина станале поотпорни на
кинење, едноставно била импресионирана.

Новинарката испробала уште неколку теории за тоа како да го продолжи животот на хулахопките – прскање со лак за коса, триење со сапун, ставање ракавици на рацете додека ги облекува, триење на стапалата со бебешка пудра итн. Но, само методот со замрзнување се покажал ефикасен.

Слични објави

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо
Се вчитува....