5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

Му ја посветил на својот трагично починат љубовник: Песната на Џорџ Мајкл и денеска ќе ви измами солзи (ВИДЕО)

Веднаш по објавувањето на нумерата „Jesus to a child“, таа го зазема првото место од сингловите во Обединетото Кралство, станувајќи на тој начин шестата песна на пејачот Џорџ Мајкл која ја заземала оваа најпрестижна позиција.

„Jesus to a child“ беше првиот сингл од неговиот студиски албум „Older“, со кој Џорџ се врати на сцената по три години пауза.

Пејачот беше длабоко погоден од смртта на неговиот дечко, модниот дизајнер Анселмо Фелепе, кој почина во 1993 година од сида.

Кога се запознале, Фелепе набргу му открил на Мајкл дека е болен, кој веќе бил толку заљубен во него што одлучил да остане покрај него до крај.

Тоа беше многу чудна љубов. Прва во мојот живот – откри Мајкл во едно интервју од 2007 година.

– Неговата загуба беше многу трагична за мене, но тоа што го познавав претставуваше прекрасно искуство – додаде пејачот во таа прилика.

Фото: Инстаграм

Покрај во Обединетото Кралство, „Jesus to a Child“ го зазема првото место и во Австралија, Финска, Унгарија, Ирска, Норвешка и Шпанија, како и на американската Билборд хот 100 листа.

По смртта на Џорџ Мајкл во 2016 година, новинарката Естер Рансен, основачка на хуманитарната организација „ChildLine“ откри дека пејачот, сите пари кои ги земал од оваа песна, тајно ги донирал во оваа организација.

-Џорџ ни помогна да обезбедиме помош за неколку стотици илјади деца поради својата дарежливост. Го сретнав неколкупати. Тој знаеше да ни се доближи, што беше прекрасно. Не сакаше јавноста да знае многу за ова – изјави Рансен за Би-би-си.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....