22:30 - 7 ноември, 2026

МАЈКА И СИН ВЉУБЕНИ ЕДЕН ВО ДРУГ: Го дала на посвојување како бебе, па се запознале на „Фејсбук“

Моника Марез

Пред неколку години, приказната за Моника Марез која се вљубила во сопствениот син Кејлеб Петерсон го обиколи светот.

Имено, 41-годишната Моника и 24-годишниот Кејлеб од Ново Мексико поради тоа биле на суд, откако ги пријавил нивниот сосед, но и тогаш рекле дека не планираат да се откажат од својата „љубов“.

Кејлеб, инаку, е роден како Карлос, а веднаш откако Моника го родила на 16 години, го дала на посвојување. Посвоителите му го дале името Кејлеб, а тој немал никаков контакт со својата биолошка мајка – до минатиот Божиќ кога се поврзале на „Фејсбук“. Веднаш договориле средба.

„Првиот пат кога го видов син ми, од возбуда почувствував пеперутки во стомакот. Плачеше и цврсто ме прегрна“, раскажува Моника, додавајќи дека набргу потоа Кејлеб дошол кај неа со својот камион и останал да живее со неа и нејзините деца.

Набрзо почнале да чувствуваат нешто повеќе еден кон друг, а Моника тоа го објаснува со фактот што не го растела таа и тврди дека и генетската сексуална привлечност имала поголема улога.

„Во една прилика му реков: „Не знам како ќе реагираш на ова. Јас сум твоја мајка, но се заљубувам во тебе“. Кејлеб ми кажа дека и тој има одредени чувства кон мене, но дека се плашел да ми го каже тоа“, вели Моника, додавајќи дека потоа се шетале низ паркот, а таа во таа прилика го прашала дали сака да ѝ биде момче, а одговорот бил да.

Набрзо почнале да имаат сексуални односи и се однесувале како вистински пар. Кејлеб за медиумите изјави дека верува оти, бидејќи и двајцата се полнолетни, треба сами да одлучат за својот живот, дури и ако тие одлуки се инцест.

Судот им одредил мерка разделба на 18 месеци, по што можеле да се гледаат но само под надзор. Сепак, и покрај сето тоа, мајката и синот велат дека ништо нема да ги спречи да продолжат да се гледаат.

Најлошо од се, целата врска е поддржана од поранешниот сопруг на Моника и татко на Кејлеб Дејтон Чавез.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....