15.8 C
Скопје
09:33 - 29 март, 2024

ЉУБОВНИ СОВЕТИ ОД 70-ТИТЕ: Како да се објасни дека физичката љубов е нормална?

љубов

За повеќето млади мажи, девојките се мистерија. Тешко им е да го разберат нивното однесување и постапки. Оттука и големиот број книги посветени на проблемот на женската психологија.

На младите мажи им било препорачувано да ја бакнат девојката после состанок. Ако за време на бакнежот девојката му се приближи, тоа било вреден доказ дека е возбудена.

ретро

Според советите од седумдесеттите, по бакнежот девојката ќе знае дека момчето не е рамнодушно, но ако дознае дека тој секоја вечер бакнува различна девојка, ќе стане нељубезна или љубоморна. За повеќето млади девојки, бакнежот е исполнување на желбите и тие го сфаќаат сериозно.

Некои девојки живеат во постојан конфликт со сопствените чувства. Тие страдаат од обесхрабрување, се сомневаат во сопствениот шарм и способност да привлечат некого, особено ако тој никогаш не се обидел да ја бакне, иако често се заедно. А од друга страна пак, девојките не сакаат момците да имаат впечаток дека лесно можат да ја освојат. Затоа тие се однесуваат ригидно, ладни се и ненамерно создаваат невидлива бариера која во суштина не постои.

Значи, младиот човек треба да се обиде да ja бакне девојката, но не и да избрза. Кога, како и на кое место, треба да одлучам сам. Понекогаш е исплатливо да се игра на картата на изненадување, бидејќи љубовните стратегии и тактики се само малку поинакви од војната.

ретро

Ако ја наведне главата и ги затвори очите, ризикот е многу помал. Понекогаш девојките се плашат од бакнеж и нивното тело се вкочанува. Но, може да се случи и само да ја навалат главата во обид да ја избегнат непријатната ситуација.

Девојките можат да бидат реални и многу разумни, а сепак да не попуштаат. Кога доаѓа до разговор за секс, девојката е „едноставно болна“. Им се стемнува од самата помисла на овие, како што тогаш се нарекувале, „нечистотии“.

Не помагале ниту молби, ниту убедувања или докажувања дека физичката љубов е нормална. Според книгата, за нив љубовта била нешто возвишено, а помислата за секс валкана.

ретро

Младите мажи се измачувале и биле лути на нивната „глупост“, па советите биле да бидат поуми и да имаат повеќе трпение. Но, ако вистински им се допаѓа, да разберат дека таа се уште не е зрела и дека не треба да се брза. Со текот на времето, како што велеле, девојката ќе сфати дека покрај романтичните прошетки и бакнежи, има и нешто друго…

Во тоа време, се сметало дека врската со маж била под влијание на семејните односи. Женското дете на кое родителите не му пружале нежност, се сметало дека полесно ќе тргне во авантура. Особено ако нејзиниот татко ги крие своите чувства и е ладен и строг. Истата ќе му се предаде на првиот млад човек со кого ќе наиде, без да размислува многу за последиците…

Па, што мислите, колку се промениле советите оттогаш до денес?

Слични објави

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо
Се вчитува....