3.8 C
Скопје
00:01 - 21 декември, 2024

(ФОТО) КОРИСНИ СОВЕТИ ОД ФРИЗЕРСКИ САЛОН: Ивана Кузмановска Момироска нè учи како до густа, долга и сјајна коса

Ивана Кузмановска Момироска

На социјалните мрежи можете да најдете најразлични совети и трикови за нега на коса, но многу е посигурно кога советите доаѓаат од врвни професионалци. 

Ивана во акција, како вистинска професиналка, фото приватна архива
фото приватна архива

А знаете како се вели, погледнете ѝ ја на фризерката косата, па потоа потрпрете се на нејзините фен, четка и ножички…

И самата со супернегувана коса, Ивана Кузмановска Момироска отсекогаш сакала негувани коси и затоа несебично ги споделува своите препораки со клиентките, а овојпат со вас. Нејзините совршени дела тоа го потврдуваат – со вложена правилна нега косата ќе блесне со сјајност и ќе изгледа здрава.

Недостатокот на некои витамини и минерали, стрес, лекови, фризури, хормони, ригорозни диети, исто така, влијаат на здравјето на косата. Затоа, внимателно слушнете ја Ивана!

Користете производи кои не содржат сулфати

Честото миење на косата може да ја исуши. Што помалку користите шампон, толку подолго косата ќе ви остане хидрирана и помалку ќе пука. Користете шампони кои не содржат сулфати, бидејќи тие се помалку агресивни и одржуваат високо ниво на природна масленост на косата.

Стимулирајте ја кожата на главата

Кога ја масирате кожатан а главата со шампон кој содржи масло од пеперминт или еукалиптус, ќе почувствувате благо пецкање. Со тоа ја подобрувате циркулацијата и протокот на крв во фоликулите на вашата коса, што резултира со побрз раст.

Фото: Приватна архва

 Користете балсам за коса

Кога вашата кожа е добро хидрирана, нема да дојде до сушење и пукање. Користете балсам во оние делови кога не користете шампон.

Правилно чешлање

Ако не сте внимателни, чешелот може да ви донесе повеќе штета отколку корист. Доколку грубо го провлекувате низ вашата заплеткана коса, краевите ќе испукаат. Користете крупен пластичен чешел.

Фото: Приватна архва

Рамна коса

Ако сакате косата брзо да ви расте, намалете ѝ го волуменот во коренот. Косата треба да биде што поправа за да момже да постигне побрз раст.

Екстензии

Ако користите екстензии за коса, ви препорачуваме да користите од оние со чешли. За да изгледате природно, изберете екстензии кои одговараат на текстурата на вашата коса.

Фото: Приватна архва

Шишање

Наспроти широко распространетото мислење, шишањето не влијае на растот на косата. Третирајте ги краевите со тример ако сакате вистински резултати.

Третман со кератин

Одете на третман со кератин еднаш на 8 недели. Ќе си ја подобрите текстурата на косата и ќе ја намалите потребата за пеглање и употреба на фен. Покрај тоа, ќе имате заштитен слој кој ќе ви ја чува косата од можни оштетувања предизвикани од фарбањето.

Фото: Приватна архва

Обрнете внимание на лековите кои ги користите

Дали сте знаеле дека контрацептивните пилули ја ретчат косата. Секоја хормонална промена влијае на губење коса.

Косата и стресот

Стресот ослободува кортизол и други хормони кои влијаат на изретчувањето на косата. Добра вест е дека можете да го свртите процесот во спротивната насока со примена на масажи за стимулација на кожата.

Доколку ги применувате овие совети се применуваат, и ѝ посветите внимание на вашата коса, резултатот е загарантиран. За добро негувана коса не се потребни зборови, зборат делата – здрава коса, полна со сјај и неверојатни резултати.

Фото: Приватна архва

Фото: Приватна архва
Фото: Приватна архва
Фото: Приватна архва

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....