12.8 C
Скопје
17:24 - 23 март, 2026

Франција воведе бонови за храна: Се обидуваат да го компензираат поскапувањето

Телевизискиот канал „Франс 2“ објави дека неколку француски градови почнале да делат ваучери за храна за да ги обесштетат жителите за зголемените цени на храната.

Според телевизијата „Франс 2“, на граѓаните им се даваат ваучери во вредност од 5, 20 и 30 евра. До денес, градските администрации потрошиле околу 37 милиони евра за издавање купони и сертификати, како и за други мерки за поддршка на населението.

Владата во Париз се уште нема донесено уредба за доделување на овие субвенции, но градоначалниците на некои француски градови одлучија сами да воведат бонови за храна, без да чекаат официјална владина одлука.

Идејата за дистрибуција на ваучери за храна за домаќинствата со средни и ниски приходи беше предложена од францускиот претседател Емануел Макрон и дискутирана долго пред претседателските избори.

Приближно осум милиони француски граѓани ќе имаат право на ваков вид поддршка. Инфлацијата во Франција, како и во сите земји во светот, расте, поттикната од зголемените цени на храната и енергијата. Експертите предупредуваат дека растот на цените и слабиот економски раст може да доведат до стагфлација во земјата.

 

 

Слични објави

(Фото) Ова е новото момче на ќерката на Харис Џиновиќ: Ѓина „уловена“ во Барселона, прошета во мини здолниште

Еспресо

Почина ѕвездата на сериите „Натприродно“ и „Јас зомби“ на 51 година од рак на дојка

Еспресо

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо
Се вчитува....