00:37 - 12 ноември, 2026

ФОТО+ВИДЕО: Кој е Хасбула Магомедов и како стана вирален хит на социјалните мрежи?

Хасбула Магомедов или Мини Хабиб е 18 годишен блогер и „ТикТок“ ѕвезда од Русија кој во моментов е вирален хит на социјалните мрежи.

На прв поглед блогерот кој стана интернет сензација изгледа мал за својата возраст но наводно тој е роден со хипопитуитаризам, односно со генетско нарушување кое го запира растот во рана возраст што предизвикува џуџест раст, кое сè уште не е потврдено, пренесуваат руските медиуми.

Има 18 години и висок е 106 сантиметри, а тежи околу 16 килограми

Тој е толку популарен што боксерот и јутјубер Логан Пол борбата против Флојд Мејведер му ја посвети токму нему. Хасбула стана херој во „ММА“ заедницата откако неколку негови видеа станаа вирални. Го доби прекарот Мини Хабиб откако во видео го имитираше борецот Хабиб Нурмагомедов. Неговата „прес-конференција“ пред мечот со Абдурозик – 17 годишен пејач од Таџикистан, е едно од неговите најпопуларни и најгледани видеа.

Поради огромната интернет популарност чеченскиот „ММА“ борец Аксам Тамаев наводно ќе организира борба со неколку типа на боречки вештини меѓу Хасбула и Абдурозик, што предизвика силни реакции кај Илиана Подпалнаја водачот на „Руското атлетско здружение на лица со џуџест раст“, која го опиша мечот како „неетички и погрешен“ велејќи дека целта на тој меч е да ги насмее луѓето и дека единствен начин да биде сфатен сериозно е ако во иднина ваквиот тип на меч со боречките вештини стане Параолимписки спорт, според „The Sun“.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....