Овој атрактивен пластичен хирург од соседна Србија несомнено си ја заслужи неофицијалната титула „Најсекси лекар на светот“.
32-годишниот Василије Вујовиќ од Белград е многу популарен на социјалните мрежи, но и меѓу неговите пациенти.
View this post on Instagram
Пред неколку години тој во интервју за „Daily Mail“ призна дека физичкиот изглед го прави многу популарен меѓу жените во операционата сала – но поради професионалната етика мора да одолее на каков било непристоен предлог.
View this post on Instagram
„Не е важно како изгледа една личност. Најважно е што знаете да правите и што е во вашата глава, особено во професија каква што е мојата“, изјави тој. „Не сакам агресивни девојки. Ми се допаѓаат љубезни девојки. Сакам девојката да биде интересна, забавна и со смисла за хумор“, откри тој.
Д-р Вујовиќ работи во државната болница во главниот град на Србија каде е специјалист по реконструктивна, пластична и естетска хирургија. Работи и како асистент во приватна клиника за пластична хирургија.
View this post on Instagram
Отсекогаш сакал да биде хирург
Овој млад и згоден лекар со своето атлетско тело и темна коса вели дека пластичната хирургија не е само силикон и правење на луѓето поубави.
View this post on Instagram
„Пластичната хирургија е широка област. Пред сè, тоа е реконструктивна хирургија што се прави на луѓе со одредени аномалии“, вели тој.
View this post on Instagram
Младиот лекар вели дека жените најчесто користат естетска хирургија за поголеми гради, усни и долни гради. Но, како што откри и мажите доаѓаат на клиника за поголеми усни – но главен интерес им е да имаат помал нос.