5.8 C
Скопје
06:59 - 1 април, 2026

ДРАМА НА АЕРОДРОМ ВО ЛОНДОН: Се обидел да прошверцува 20.000 цигари, еве го неговиот изговор

човек аеродром

Питер Бојкун бил фатен на аеродромот Лутон во Лондон со 20.000 цигари. Кога полицијата го уапсила, тој им рекол дека припаѓаат на него и неговата сопруга.

58-годишниот Питер му рекол на судијата дека неговата сопруга и тој во просек пушеле по пет кутии цигари дневно. Цигарите ги купил во Словачка, од каде што е, бидејќи таму се многу поевтини отколку во Британија.

„Никогаш не сум продавал цигари, само ги купувам. Овие цигари треба да ни потрајат за наредните четири месеци“, се бранел пред судијата.

Сепак, ова нема да го спаси од плаќањето казна од 5.800 фунти, за обидот да внесе толку многу цигари во Велика Британија.

аеродром
Фото: Pixabay

Ова не е првпат Питар да биде фатен на граница со голема количина цигари. Имено, пред четири години, му биле запленети 42.000 цигари, а неколку месеци подоцна, уште 21.000 биле пронајдени во неговиот автомобил.

Овој пат бил уапсен на аеродром, а со себе имал една помала и една поголема торба полна со цигари.

„Не можеме да разбереме зошто господинот продолжува да се обидува, кога цигарите му се одземаат секој пат кога се обидува да влезе во земјата“, соопштија од полицијата.

Извор: Metro

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....