24.8 C
Скопје
14:32 - 29 април, 2024

„ДИВИ“ ВО КРЕВЕТ: Секси-играчки што може да ги направите сами дома

Дигнете го задоволството на повисоко ниво. 

Ако фразата играчки за возрасни од домашно производство не вдахнува доверба во вас и се прашувате што треба тоа да значи, еве неколку одговори. 

Според Сара Насерзаде, консултант за сексуалност и односи во Пало Алто, Калифорнија, играчките што можете сами да си ги направите може да бидат одлична опција – особено за жените кои се неодлучни да користат (или да купат) сè што е механичко или експлицитно создадено за сексуална игра.

– Домашни односно секојдневни предмети во куќата ни се достапни, плус тие можат да донесат смеа и динамика во кревет, што е секогаш бесценето, вели Сара.

Еве некои од нејзините омилени „хоум мејд“ секси-играчки и совети како безбедно да ги користите:

Бисерен ѓердан

Ако сакате да направите нешто суперсекси за вашиот партнер, накитот може да ви биде корисна алатка, вели Дебра Лаино, доктор по човечка сексуалност, сексолог и терапевт за парови и бракови со седиште во Делавер.

Откако полека ќе се соблечете , извадете го ѓерданот и почнете да го задевате, „полека завиткајте го по неговото тело, по рацете, нозете…, галете го по стомакот“, вели Лаино.

Бонус за задоволство: Бакннувајте го и лижете го ѓерданот за дополнително да го возбудите партнерот/ка.

„Текстурата на самите бисери дава многу различни и уникатни сензации“, вели Лаино. Само не користете накит од вашата баба.

Коцка мраз

Обидете се да го разладите партнерот со коцка мраз, додека коцката се топи, неговата кожа ќе се тресе и тоа ќе го излуди на позитивен начин. СО коцката мраз може да поминете и преку вашето тело, допирајќи ги вратот и усните. Тоа изгледа многу сензуално и ќе го подобри вашиот сексуален чин.

инстаграм

Дрвена лажица

Дрвената лажица е совршена за тепкање по газето – а тоа може да го направите полека или посилно, во зависност од желбите на партнерот/ка, вели Лаино. Само  бидете сигурни прво дека тоа и вас ве задоволува и колку, воопшто, ви се допаѓа малку болка.

Перници

Декоративните цели не се единствената причина за инвестирање во дополнителни перници. Перниците можат да послужат како помош во некои пози во сексот. Секако, мажите можат да бидат многу инспиративни кога жената ја гризе перницата за време на сексуалниот однос – тоа му покажува дека тој прави работи за неа кои сигурно ѝ одговараат.

Сунѓер за тело

Ако ви се допаѓа чувството на пилинг на лицето или грбот, би сакале слична сензација на внатрешните бутови, на стомакот или на градите, вели Ким Ерс, сексуален едукатор во Лос Анџелес и основач на онлајн продавницата Grand Opening.

Најдобро би било за време на туширањето да се триете со сунѓер.

„Триењето може да биде понежно или погрубо, во зависност од тоа како му се допаѓа на партнерот/ка“, вели таа. Тоа би можеле да го правите на грбот или на интимниот дел. Триењето е премногу грубо? Не мора да е така доколку најдете помек сунѓер или крпа и обидете се да додадете миризливи капки масло за масажа, вели Аирс.

Стапчиња

Немате трпение да јадете тајландска храна со стапчиња? Јадете ја храната со вилушка и чувајте ги стапчињата за непослушни часови.

„Стапчињата може да се завиткаат со мала гумена лента на краевите за да се создадат едноставни клипови за брадавиците“, вели Аирс. Тоа е за партнери кои сакаат таква забава и на кои им се допаѓа кога ги допирате нивните гради.

Кокосово масло

Дали има нешто што кокосовото масло не може да го направи? Органскиот тип, кој нема да содржи конзерванси или други хемикалии, одлично делува како евтин лубрикант, вели д -р Џејн Флејшман, професор по сексуалност во Виндзор, Онтарио.

Проверете дали и вашето масло е ново. Осигурајте се дека претходно не е отворено. Започнете со лесна масажа со масло на телото на вашиот партнер/ка. Ќе му одговара допирот и мирисот и ќе го надразни.

инстаграм

Чорапи – хулахопки

Убаво е да ги соблечете чорапите при сексуален чин, па зошто да не ги вклучите во забавата наместо да ги фрлите во купот за перење? Искористете ги женските чорапи  за да ги врзете зглобовите на партнерот за време на заведувањето, вели Нидл.

„Запомнете, сите други сетила се зголемуваат кога видот се губи, па можеби ќе сакате да користите нешто свилено или секси на допир за да му ги врзeте очите“, вели таа.

Маица или марама, исто така, може да го постигне истиот ефект, вели Тери Вандерлинд во Довер, Њу Хемпшир. „Се се сведува на присуство, почитување на желбите и секој партнер кој е посветен на задоволство, на своите и потребите на својот партнер е одличен партнер“, вели таа.

 

Слични објави

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо
Се вчитува....