-1.2 C
Скопје
04:46 - 19 декември, 2024

Диета со домати, за оние кои не можат долго да бидат на диета

За оние кои не можат подолг период да бидат на диета, им ја препорачуваме диетата со домати која гарантира брз успех. Се држи само шест дена, а се „симнуваат“ до пет килограми. Дополнително, ќе го ослободите организмот од токсини.

Правилата на диетата со домати се многу едноставни – четири оброка на ден, многу вода, кафе без шеќер е дозволено, чаеви без шеќер се дозволени, парче леб (30 грама) е дозволено само за појадок. Доматите може да се јадат свежи но и печени во рерна, како и на скара.

Еве како треба да изгледа диетното мени.

Прв и четврти ден.

Појадок – салата од домати со 50 грама немасно сирење и 2 варени јајца, наросена со маслиново масло и босилек. 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – порција тестенини (50 грама) во сос од домати (сосот се подготвува со динстање на 400 грама домати или со пасирани домати 350 грама од конзерва, се зачинува по желба).

Вечера – супа од домати и зеленчук. Украсете ја со магдонос и лажица павлака.

Втор и петти ден.

Појадок – Грчка салата, 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и малку ориз. Или домати на скара и зеленчук на скара со салата од спанаќ и шака ориз.

Вечера – Чорба од ослич. Чорбата подгответе ја со две главици исечкан кромид издинстан на малку маслиново масло, филе ослич, два поголеми домати, зачини и украсете ја со лажица кисела павлака.

фото анплаш

Трет и шестти ден. 

Појадок – омлет со домати, 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Пилешко месо (150 грама) во сос од домати и печурки.

Вечера – Говедско месо на скара (130 грама) со порција шопска салата.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....