-4.2 C
Скопје
02:24 - 23 декември, 2024

Девет работи кои се строго забранети во Русија и никако не смеете да ги правите во оваа земја!

Во повеќето водичи за патување можете да најдете информации за тоа што е најстрого забрането да правите кога ќе одите во туристичка посета на Русија.

Во продолжение прочитајте кои девет работи никако не треба да ги правите во Русија:

1. Ракување со ракавици

Ракувањето со ракавици се смета за многу непристоен чин. Ако сакате кон некого да изразите почит, тогаш веднаш соблечете ги ракавиците, без разлика на тоа колку ќе ви биде ладно во тој момент.

2. Никогаш не одбивајте пијалак

Љубовта на Русите кон алкохолот не е само мит туку реалност која не можете да ја избегнете. Каде и да одите ќе бидете понудени со алкохол, а доколку одбиете тогаш тоа ќе биде сфатено како навреда и непристојно однесување.

Ако го прифатите пијалакот, Русите ќе продолжат да ви точат сè додека не го напуштите барот. Се советува алкохолот во Русија да го пиете бавно, бидејќи штом малку ќе ви се испразни чашката, тие наскоро повторно ќе ви ја наполнат.

3. Шеги на сметка на семејствата

Додека шегите за политичарите, полот, расата, религијата и сексуалната ориентација се сосема прифатливи во Русија, вицеви на сметка на семејствата се сметаат за доста навредливи. Поради тоа не споменувајте нечија сестра или брат, ако не сакате да ја искусите ладната зима на Сибир.

4. Свирење во затворен простор

Русите го поврзуваат свирењето со финансиски проблеми. Посебно е лошо да се свири во туѓа куќа бидејќи така, според верувањата на Русите, им посакувате лоша судбина на домашните.

5. Жените не смеат да носат тешко

Кавалерството во Русија е закон! Мажите задолжително ги носат потешките работи, а често знаат да им понудат помош и на непозната жена на улица.

6. Непочитување на повозрасните лица

Ако се возите во јавен превоз и видите повозрасна личност како стои додека вие седите, како знак на почит, морате да станете и да им го препуштите своето место. Секако, ова правило важи насекаде во светот…

7. Делење на сметката

Во Русија е обичај оној кој ќе ве покани на вечера да ја плати сметката. Поради ова, немојте никако да помислите да ја делите сметката за вечера ако вие сте ги повикале пријателите да се видите.

8. Најдобро е да не зборувате за Крим, Украина и избори

Русите се познати како големи патриоти, по каков било коментар можат да го сфатат многу лично. Посебно ги нервираат претенциозните луѓе од Западот, со акцент на Американци, кои се жалат на студеното време, храната, Путин и други работи, без да сакаат да разберат дека нивната земја не е целиот свет, туку само дел од него. 

9. Смешкање кон непознати лица

Русите ја чуваат својата насмевка за пријателите и семејството. Смеењето кон непознати лица може да се смета за навредливо, посебно во јавниот превоз.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....