9.8 C
Скопје
09:40 - 14 март, 2026

Дали е време да раскинете со партнерот? Поставете си ги овие три прашања!

Понекогаш љубовта е еднакво силна како и претходно, но врската едноставно не води никаде.

Следниве три прашања треба да си ги поставите сами на себе, за полесно да одлучите дали е време да раскинете…

Дали се чувствувате пријатно кога разговарате со својот партнер?

Комуникацијата е клуч за успех или неуспех во секој однос. Ако забележувате дека со партнерот не разговарате отворено, туку дека непрекинато го разубавувате она што сакте да го кажете, веројатно не сте сосема опуштени пред него, се плашите од некои негови реакции и немате целосна доверба.

Дали на партнерот сте му дале шанса за промена?

Иако не веруваме во промени, луѓето можат навистина да поработат на тоа да станат подобра верзија од себеси. Ако проблемот е во вашиот партнер и отворено сте му кажале што ве мачи кај него, дали тој се обидел тоа да го промени? Ако не го направил тоа, значи дека не му е доволно важно да го стори тоа за вас. Истата работа важи и во повратен правец. Ако партнерот ви нагласил што му смета кај вас, а вие не сте преземале ништо во врска со тоа, можеби едноставно не ви значи доволно.

Дали самите себеси сте се фатиле во лага?

Понекогаш знаеме толку лесно да влеземе во рутина и да станеме роб на навиките, што почнуваме да се лажеме и самите себеси. Ако сте забележиле дека го правите тоа за да го одбраните својот партнер и неговото однесување, време е да се разбудите од тој сон и да се соочите со реалноста. Така ќе му помогнете и нему, но најмногу на себеси.

Слични објави

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо
Се вчитува....