1.8 C
Скопје
09:39 - 22 декември, 2024

Дали доволно често се бакнувате со партнерот? Ние ќе ви откриеме…

Љубовната врска подразбира сексуална интимност, додека кај пријателството отсуствува тој елемент. Доколку сте во врска или во брак со некого, но не сте сексуално интимни, тогаш вие градите пријателство, а не љубовна врска и тоа би требало да се промени.

Во продолжение дознајте зошто би требало повеќе да се бакнувате со партнерот…

Обичниот бакнеж е многу моќен

Кога зборуваме за сексуална интимност, не мислиме само на водењето љубов. Бакнежите се исто толку интимни, особено бакнежите во уста. Се сеќавате на правилото на Вивиен од „Убава жена“ (Pretty Woman)? Таа е подготвена да направи се што ќе се побара од неа, само не и бакнување во уста. Бакнежите во уста се премногу интимни.

Многу е важно да се зближувате со „добри бакнежи“

Без разлика колку сте зафатени, една секунда за бакнеж нема да ви го наруши распоредот. Не заборавајте дека и прегратките имаат одличен ефект. Доколку имате проблеми со физичката поврзаност со вашиот партнер, прегратките можат многу да ви помогнат. Само треба да разберете дека бакнежот е многу помоќен и тој ви е потребен за да ја одржите љубовната врска во живот.

За да ја одржите интимноста во вашата врска бакнувајте се секојдневно

Тука мислиме на бакнежи во уста, а не во образ или на чело. Зачувајте ги таквите бакнежи за вашите тетки и баби. Бакнувајте се наутро пред да одите на работа, кога ќе се вратите дома навечер, пред да легнете да спиете, кога заминувате на патување и кога си доаѓате дома. Изненадувајте се со ненадејни бакнежи. Бакнете го партнерот додека спие, ако треба да излезете од дома во ниедно време.

Секогаш кога ќе се бакнете, му покажувате на партнерот колку ви значи

Бакнувањето служи и како потврда за вашата блискост. Паровите кои се подолго време заедно честопати велат дека се само пријатели со партнерот. Не се допираат повеќе и живеат како цимери. Кога врската ќе влезе во оваа фаза, паровите се обидуваат да се вратат во рутина со тоа што имаат секс. Но, наместо тоа, почнете со држење за раце, со прегратки и бакнежи, бидејќи така ќе се запознаете меѓусебно повторно на многу понежен начин. Вие треба да ја обновите љубовната интимност, а за да го направите тоа и на двајцата треба да ви е пријатно пред да воведете секс во врската. Кога ќе ви биде пријатно самото бакнување, останатите чекори ќе следуваат природно.

Ако забележите дека вашата врска ја губи интимноста, фокусирајте се на бакнувањето

Кога и двајцата ќе почнете да му придавате поголемо значење на бакнежот и да го користите како редовна алатка за да си покажете колку се сакате, нештата ќе почнат да се менуваат и ќе забележите дека стариот пламен повторно се разгорува.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....