5.8 C
Скопје
02:06 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Температури насекаде под нулата, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и истиот на некои места ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени. Потоа утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност.

Според Попоски минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

– Веќе во сабота и тоа особено кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува и под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе продолжат и во недела и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. За време на викендот ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Температурите повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и тоа особено од недела, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени – вели Попоски.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо
Се вчитува....