Хороскопот открива: Овие особини ви се пречка во љубовта!

Без оглед колку хемија има меѓу вас и вашиот партнер, постојат некои навики и особини кои можат да ѝ застанат на пат на вашата романса. На самиот почеток повеќето од нас се прилагодуваат едни на други, па така на некои недостатоци и замижуваме. Меѓутоа, како што поминува времето, овие работи можат да станат ваш „камен за сопнување“.

Многу е едноставно: постојат посесивни лица, но и оние кои ќе трпат сè, само не посесивност. Нешто што вам ви пречи, на вашиот партнер му е навика или нешто што вам ви е потреба, вашиот партнер не го разбира. За несреќа таквите работи стануваат пречка, на вашата романтика, но за среќа, тука е астрологијата, да провериме кои навики нè вознемируваат, ни пречат, а со тоа да утврдиме со кој хороскопски знак не сме компитабилни.

Овен

Овните по природа се енергични и сакаат да живеат брзо, затоа може да им смета личност која сака да ужива во секој момент. За овој хороскопски знак би било добро да го избегнува спориот Бик, кој потполно се препушта на својот хедонизам и полека ужива во секоја минута.

Бик

Биковите се стрпливи, лојални и верни, но исто така и многу тврдоглави. За нив не постои компромис, дури ни како идеја, но сè мора да биде како што тие си замислиле. Очекувајте стабилност, но многу хороскопски знаци се темпераментни и не можат да ви ја дадат посакуваната сигурност. Затоа најдобро е да се држите подалеку од Водолија и Овен.

Близнаци

Шармантни и бескрајно зборливи, Близнаците уживаат во новите познанства и во долгите разговори. Тие се кокетни, полни со енергија и многу често на прв поглед оставаат одличен впечаток на другите. Но сепак, доколку би избрале посесивен партнер, тој не би можел да се носи со вашата кокетност. Од друга страна, вам ви е потребен разговор исто како воздух и затоа не ви треба некоја молчалива личност. Ракот, секако не би бил добар избор.

Рак

Вие сте многу емотивни, како и сите водени знаци. Познати сте по своето сочувство, но исто така и осетливи. Вашиот партнер никако не смее да биде некој што би замижал на вашите емоции и на вашиот труд. Затоа држете се подалеку од Скорпијата, која е позната како знак кој се води според страстите, а не по чувствата.

Лав

Огнени, интелигентни и гладни за внимание се токму Лавовите. Знак кој е забавен, харизматичен и свесен за своите квалитети, никогаш не би толелирал критика на своја сметка или недоволно внимание. Затоа треба да ги одбегнувате Јарците, кои исто така се многу нарцисоидни, па во нивната врска би имало судир на нивното его и би можело да дојде до експлозија.

Девица

Вие сте организирани, присебни и цврсто стоите со двете нозе на земја. Зрели сте и пред себе имате јасна визија. Не се откажувате додека не ги исполните зацртаните цели и поради тоа ви е потребен некој реален и одговорен. Рибата, која постојано живее во својот свет, би била кобна за вашите нерви.

Вага

Посветени сте, шармантни и разновидни. Сакате да делите внимание и уживате другите да се чувствуваат убаво. Вие сакате да ви се посвети безусловно внимание. Сами ги планирате своите обврски и не трпите притисок. За вас Близнаците би биле погрешен избор, затоа што нивното внимание ретко останува на едно место.

Скорпија

Скорпиите се многу таинствени и страстни до самиот крај и во секоја сфера на животот. Сè што чувствувате е многу интензивно, и за вас е многу важно работите да ги држите под контрола. За вас не е партнер кој води рутински начин на живот. Можеби Лавот не би бил добар избор за вас, затоа што неговата желба за приврзаност би го нарушила вашиот комфор.

Стрелец

Тие се бескрајно духовити, желни за нови сознанија и авантура. За Стрелците многу е важно да се во движење, во убаво опкружување и да се постојано во потрага по нови предизвици. За нив рутината е досадна и ако не пронајдат партнер кој со нив би го обиколил светот, тие попрво би избрале да се сами. Во никој случај не би се согласиле со сигурниот и безбеден Бик.

Јарец

Јарците се амбициозни и посветени. Вистински партнер за долга врска. Тие гледаат сè на долг рок и прават планови кои сакаат да ги остварат. Секогаш и сè прават со причина, а најмногу ги нервираат луѓе кои работите ги прават тукутака, затоа треба да се држат подалеку од Овен.

Водолија

Тие се практични, комуникативни и пред сè иновативни. Успехот ви е загарантиран, а партнер кој ви одговара мора да има слични видувања како вас. Иновативно доживување со реалноста и отвореност за различни опции и можности. Многу конвенционалнатата Вага може да биде тешка за вас.

Риби

Полни сте со љубов, која сте спремни безусловно да ја поделите. Романтична душа која верува во чуда. Со Девицата, која е многу приземна, тешко можете да најдете заеднички јазик.
Сепак, само затоа што астрологијата вели дека не сте компатибилни, не морате да ја затворите вратата пред несродниот знак. Можеби сепак тој е вашата прилика, со малку обострано залагање. Со ѕвездите никогаш не се знае.

Слични објави

За Стивен Кинг не е битна расната разноликост: Славниот писател вербално нападнат на социјалните мрежи

Еспресо

Хороскоп за 17 октомври, четврток

Igor

Музичката индустрија повика на запирање на работата поради Џорџ Флојд, МТВ ги замрачи екраните ширум светот

Еспресо

Нејзиниот одлично обликуван задник ги излудува сите мажи ширум светот! (ФОТО)

Еспресо

Партнерот ве изневерил? Еве како да го завртите тоа во ваша корист!

Еспресо

Модна доминација на кралицата Ранија: Деловен стајлинг кој добро и стои на секоја жена! (ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

20 + четиринаесет =

Слични објави

Уапсен сопругот на Ники Минаж, му се заканува затворска казна од 10 години!

Еспресо

Мачките добро знаат како да се забавуваат и се вистински мајстори за лудории во домот! (ВИДЕО)

Еспресо

Оваа комбинација на бои ќе биде апсолутен пролетен хит: Со нив секој стајлинг ќе изгледа скапо и префинето (ФОТО)

Еспресо

Кралицата Елизабета држи дури шест Гинисови рекорди

Еспресо

Мет Дејмон во Србија ќе го снима филмот „Зараза 2“?

Еспресо

Како завојуваа Кејт и Меган? Јатрвите 6 месеци не размениле ниту збор! (ФОТО)

Еспресо