5.8 C
Скопје
17:48 - 18 декември, 2024

Во кој знак е родено вашето куче? Прочитајте го неговиот хороскоп и дознајте му го карактерот

Aко не го знаете точниот датум на раѓање на вашиот миленик, за да го „прочитате“ неговиот хороскоп, водете се според денот и времето кога прват сте го запознале и донеле дома.

Го знаете датумот на раѓањето на вашето куче? Тогаш, знаете и под кој астролошки знак е родено. Но, доколку не знаете кога вашиот миленик е роден, не грижете се. Астрологот Метју Кери објаснува дека релевантен е и денот кога сте го прифатиле вашето куче. Секако, тоа не е вистинскиот датум на неговото раѓање, но тоа е најзначајниот датум на неговото „повторно раѓање“ бидејќи го означува почетокот на неговиот нов живот со вас. „Тој датум е апсолутно релевантен, и според него може да се направи натална карта“, објаснува Кери.

Значи, ако не го знаете точниот датум на раѓање на вашиот миленик, за да го „прочитате“ неговиот хороскоп, водете се според денот и времето кога прват сте го запознале и донеле дома.

Овен – Алфа куче

Кучето-Овен е вистинско алфа куче! Кога ќе го викнете по име, и нема да ве послуша и да истрча кон вас, не сфаќајте го тоа лично. Едноставно кучето – Овен не сака вие да му кажете што тоа да прави, туку си е своеглаво. Ама затоа сака да биде во центарот на вашиот свет и ужива да биде ваша сопственост. Како и луѓето, кучињата – Овен се силни и се одлични лидери. Посесивни се, и нема да бидат среќни доколку пред нив, галите друго куче.

Бик-Личен телохранител

Кучето-Бик ја сака удобноста до максимум. Најсреќно ќе биде ако се разбуди во некој удобен, луксузен кревет. Најчесто се пребирливи во исхраната, па не чудете се ако често ви ја одбива храната, ако не е по негов вкус. Не е размазено, само е пребирливо. Овие кучиња се големи заштитници и постојано внимаваат на безбедноста на домот и на членовите од семејството. Ќе биде задоволно ако му дозволите да се однесува како да ви е личен телохранител.

Близнаци – Љубопитен белјаџија

Кучето-Близнаци, исто како и луѓето од овој знак, се интересира за сè околу него. Има неограничена енергија, сака да го забавува својот „господар“, но и да го привлече вниманието на сите кои му се во близина. Да, енергичното куче- Близнаци веднаш ќе го освои вашето внимание, но внимавајте – постојано ќе бара од вас внимание и внимание….Подготвено е и да влета во неволја или да направи белја само за да го задржи вашето внимание, кое за него значи љубов.

Рак- Чувствителен приврзаник

Суперчувствително, кучето -Рак едноставно сака да биде сакано и не сака да го критикувате. Внимавајте како го дисциплинирате, зашто очекува и вие да покажете кон него екстра чувствителност. Кучето Рак има потреба од постојана потврда дека го сакате, а и ќе сака секаде и секогаш да биде во ваша близина. Мора да му покажете голема наклонетост, за да биде среќно. И не заборавајте, на ова куче многу му е важно удобно да се чувствува дома.

Лав-Ѕвезда во домот

Повеќето кучиња се неофицијални кралеви или кралици на нивниот дом, но кога станува збор за куче-Лав, бидете сигурни дека тоа навистина ја носи круната. Кучињата од овој знак сакаат да бидат разгалени и секогаш се борат за внимание. Од една страна, сигурно ќе се однесува како да е ѕвезда (и навистина е!), но од друга страна, тое е најбестрашното куче во светот! И многу е лојално.  Нема шанса бескрајно да не го сакате.

Девица -Најлесно за дресирање

Кучето-Девица ја сака рутината, дисциплината и сака да биде чисто. Сака неговиот „господар“ да има стабилен, цврст карактер, за бескрајно да го сака. Тоа е најпедантното куче во Зодијакот, па не заборавајте да му посветете поголема нега. Внимавајте секогаш да му давате јадење во исто време, како и да го шетате во исто време, зашто кучето-Девица многу ги почитува навиките. Нема да го видите да се тркала во калта заедно со неговите пријатели. Тоа е вредно и многу посветено, што го прави лесно за дресирање.

Вага- Ваша сенка

Повеќето кучиња сакаат да бидат социјализирани, но не како кучето-Вага, тоа едноставно не може да „диши“ без друштво на луѓе! Многу веројатно ќе биде ваша сенка, но со поглед ќе ги следи и сите членови на семејството. Многу социјализирано, нежно кон најмалите членови на семејството, премногу интелигентно, ова куче има силна потреба за поврзаност со вас, но и со животната средина, со други животни и со луѓе. Не го оставајте предолго само дома. 

Шкорпија – Страв и трепет 

Со силен, интензивен карактер, кучето-Шкорпија е познато по тоа што е „страв и трепет“ за другите кучиња. Но, тоа е толку лојално и премногу го сака својот „старател“, а знае да биде и многу забавно. Бидете сигурни дека секогаш ќе ви го враќа доброто расположение. Не го казнувајте, бидете фер со него, и покрај себе ќе го имате најпосветениот и најискрен придружник за кој би можеле да сонувате.

Стрелец- Истражувач

Како и луѓето родени во знакот на Стрелец, кучето-Стрелец ја сака слободата и многу ги сака прошетките. Ако мислите денот да го помине дома, ќе биде навредено. Познато е и по тоа што не сака да го држите на подводник. Има бесконечна енергија, особено кога е младо, па познато е и како најголем белјаџија во Зодијакот, за да го привлече вашето внимание или за да се забавува. Бидете сигурни дека за него може да обезбедите убав, голем двор, зашто ова куче сака да истражува и не сака здодевен живот.

Јарец- Вредна пчела

Кучето-Јарец е вистинска вредна пчела, тоа напредува кога пред себе има ангажман, ги сака задачите, па мора да бидете активен „сопственик“. Ова милениче е многу дициплинирано, послушно и посветено, па затоа е и многу лесно за дресура. Мора да му дадете многу „обврски“во текот на денот, за да се чувствува корисно. Едноставно сака да биде зафатено! Овозможете му го тоа, и крај себе ќе го имате најлојалниот пријател.

Водолија-Екстремно паметно

Кучето-Водолија е есктремно паметно и има уникатен карактер. Полно е со енергија, ама и со планови, но и многу непредвидливо е, може да оди од крајност во крајност со однесувањето за две секунди. Сака да биде социјализирано и ги сака другите животни, но подеднакво му треба и простор и време за малку да се осами – така, го „заговара“ и планира своето следно неверојатно изненадување за вас!

Риби-Бескрајно ќе ви возврати

Кучето-Риби речиси секогаш има развиено шесто сетило, особено кога станува збор за вас и за блиските околу него. Екстремно е интуитивно, веднаш ќе го препознае вашето расположение, и секогаш ќе се потруди да ве расположи и утеши. Знае да се повлече во некој агол од домот, па ако ви изгледа како „загубено“, бидете сигурни дека само малку запливало во своите мисли. Не му давајте премногу обврски и често покажувајте му ја вашата љубов, бескрајно ќе ви возврати!

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....