15.8 C
Скопје
20:44 - 28 април, 2024

СИТНИЦИ КОИ ГИ ПОЛУДУВААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Не го исмејувајте Овенот, не ставајте будилник пред Девица, ако сте лош возач тргајте му се од патот на Стрелецот…

Секој хороскопски знак има различен поглед на ситниците.

Овенот, Лавот и Стрелецот, на пример, имаат голема љубопитност за сјајот на престижниот часовник, за новиот дизајн на автомобил или за нов модел на мотор. Ракот, Скорпијата и Рибите живеат повеќе емотивно, а помалку материјално, затоа вниманието го фокусираат на поетиката, на прирдоата, пејзажот, размената на погледи… Земјените знаци ги привлекуваат апетитни и естетски референци: Бикот се фокусира на специјално јадење за сервирање, Девицата скрупулозно ги следи нијансите на паркетот, Јарецот гледа на етикетата на ексклузивното вино. Воздушните знаци ги спојуваат материјалните и виртуелните куриозитети. Вниманието на Близнаците е потопено во живата и соучесничка атмосфера на вечерта со пријателите. Вагите се фасцинирани од кројот на палтото, Водолијата одеднаш го свртува вниманието кон просветлувачкиот пасус од книгата што станува интуитивно треперење за еден од нејзините проекти.

Но на кои ситници хороскопските знаци полудуваат?

Овен – не го исмејувајте

Овенот е силен и храбар знак и сака да биде лидер во групата, се додека никој не се осмелува да го доведе во прашање неговиот збор. Мрази кога го исмејувате или кога некој ќе му се смее в лице, во тој случај би можел да стави точка на десетгодишна врска или пријателство.

Бик – мрази малтретирање на животни

Бикот е многу лојален и тврдоглав знак и би сакал секој да има исто чувство за правда. За жал, тој секогаш се соочува со ставови кои го тераат да полуди, особено кога се малтретираат незаштитени животни. Би можел да полуди кога ќе види сцени на страдање.

Близнаци – не го игнорирајте

Близнаците се комуникативни и дружељубиви, сакаат да бидат во центарот на вниманието и имаат многу пријатели на кои треба да им се доверат. Да бидат игнорирани е нешто што буквално ги преплашува: знаат дека се добри и сакаат и луѓето околу нив да го препознаат тоа.

Вагата е најелегантниот знак во зодијакот и е многу заинтересирана за добри манири. Токму поради оваа причина таа ја мрази грубоста: знае воопшто да не ги поздрави оние кои не се однесуваат добро со неа без да се кае.

Шкорпија – комарци

Скорпијата е фасцинантен знак, кој сака да ја заведува секоја личност што ќе застане пред него. Што мрази најмногу? Каснување од комарци и инсекти, особено кога се на видливи места на телото: го намалуваат нејзиниот сексапил и се чувствува грдо.

Стрелец – лоши возачи 

Стрелецот е динамичен, никогаш не стои во место и, дури и кога вози, би сакал патот да биде секогаш слободен, за да може да лета како молња. Штета само што често сретнувате луѓе кои се ужасни возачи,  во тие моменти би можел да ја изгуби главата.

Јарец – нечистотија
Јарецот е тивок знак и нема да се откаже од своите навики за ништо на светот. Тој сака да има многу чиста куќа и не може да ги толерира оние кои, напротив, не се грижат за сопствената хигиена. Тоа е една од оние работи што го тераат да ја напушти личноста колку и да ја сака.
Водолија – мамурлак
Водолијата е знак кој се чини дека не живее во свој свет, независен е и не сака да има врски што го прават да се чувствува „заробен“. Обожава да се забавува со пријателите и, од време на време, малку да потпивне, само штета што, кога ќе се појави мамурлакот следното утро, длабоко жали што претерал.
Риби – лаги
Рибите сакаат да сонуваат и да се изгубат во световите создадени од нивната имагинација, но, во исто време, успеваат да останат приземјени. Тие секогаш препознаваат луѓе кои лажат и, токму затоа што мразат лаги, можат веднаш да ја прекинат врската.

Слични објави

Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо
Се вчитува....