-0.2 C
Скопје
01:18 - 19 декември, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 29 МАРТ: Биковите креираат листа на приоритети, Девиците со оригинални идеа, а Јарците може да очекуваат добивка!

дневен хороскоп

Овен

Денес ве очекуваат некои ситни промени во работната атмосфера, но не бидете нервозни поради тоа, дел е од работата. Можеби ќе имате преговори кои ќе ви ја сменат перцепцијата. Слободните овнови ќе имаат нови поглавја на љубовен план, а оние во врска ќе направат чекор напред. Почнува вашата сезона, бидете свесни дека сега е време за блескање.

Бик

Создадете листа на приоритети за целата недела што надоаѓа за полесно да поминете без притисоци и хаос. Ве очекува возбудлив или во најмала рака, активен одмор со партнерот. Слободните бикови можеби ќе „паднат“ на шармот на една личност со која одамна имаат контакт. Добро се чувствувате, тоа е важно.

Близнаци

Денот ќе ви помине во знакот на завршување работи што сте ги оставиле недовршени, но тоа нема да ве поколеба да направите чекор повеќе во однос на обврските. Кратко патување или одење од едно место на друго ќе ви ја освежи мислата. Дозволете си повеќе свеж воздух и одморете од тешка храна – пролетта е за лесни оброци, не го преоптоварувајте стомакот.

Рак

Денешните аспекти се поволни за воведување некаква промена во работата или барем начинот на кој соработувате. Новитетите се близу вас, само дајте им простор да се случат. Некаков негативен коментар од страна на партнерот ќе ве изнервира, но не влегувајте во конфликти беспотребно. Внимавајте и на режимот на исхрана денес.

Лав

Денес „пребројте“ си ги финансиите – крај на месец е и не претерувајте. Има голема шанса некоја уплата која ја чекате, да задоцни. Имате и зголемена потреба за љубов, внимание и нежност. Пред вас е романтичен период, а вам срцето ви е отворено со секое доаѓање на пролетта. Имате кому да се доверите кога ви е тешко и тоа е многу добро за вашата душа.

Девица

Оригиналните идеи и иновативните решенија ќе го обележат овој ден, а доколку сакате да направите предлог пред колегите, спремете се добро. Овој ден ви носи и искушенија, внимавајте со кого разговарате и дали имате сила да останете во таа комуникација. Осетливи сте на стомакот, пијте пробиотици.

Вага

Овој ден ќе ви помине во решавање на меѓучовечките односи на работа. Се наоѓате во ситуација да треба да организирате нешто што ќе донесе голема промена. Слободните ваги можеби ќе се најдат во дилема што да направат во врска со едно лице. Само спокојно, времето ќе покаже. Имате лесен пад на имунитетот, пијте повеќе свежи сокови.

Скорпија

Денес ќе имате шанса за промена на работните текови, кратко патување или разговори за контакти со странство. Иако ќе биде тешко да се преговара, ве очекува успех и потпишување важен компромис и договор. Љубовната енергија ќе ви биде наклонета. Задржувате вода во организмот, намалете со внес на сол и шеќер.

Стрелец

Не импровизирајте со обврските на работа, затоа што атмосферата не е поволна за тоа. Успехот може да се случи само доколку комницирате со вистинските луѓе, а вие точно знаете со кои клиенти можете да соработувате. Денес ќе бидете метеопат, а и времето знае да ви прави мака. Некој од минатото ќе влезе во вашиот сегашен свет.

Јарец

Денес ќе имате можност за голема добивка или договор кој ќе ви донесе работни прилики. Јарците што се во брак ќе направат некој гест за партнерите кој ќе ја смени целосната енергија во врската. Слободните ќе се отворат за разговор со лице чие внимание одамна го посакуваат. Одморете и договорете си масажа – имате отежната циркулација.

Водолија

И покрај тоа што ситуацијата ви делува неизвесно, прифатете го денешниот ризик затоа што ќе ви донесе развој на кариерен план и отворени можности. Слободните водолии ќе имаат опција за љубовна авантура, а зафатените ќе се посветат на партнерот со повеќе комуникација, која периодов ја избегнуваа. Дајте си пет минути за себе – одвојте време за малку мир.

Риби

Денес ќе имате шанса да обновите некои стари соработки што мислевте дека завршиле. Успешно ќе направите договор за една работа поврзана со странство и надворешни партнерства. Љубовта ќе ве служи – само разбудете се и погледнете кој е тука за вас, вистински. Внимавајте на кожата и договорете си масажа.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....