19:25 - 10 ноември, 2026

Познат астролог предупредува: Внимавајте да не ве измамат на ОВИЕ ДАТУМИ во ноември!

Според познатиот астролог, Валентина Витрок, подобро е да не се планира ништо важно и одлучувачко на некои датуми во ноември кои потоа таа прецизно ги наведува.

– На тие датуми денот треба да го поминете максимално смирено и да не се предавате на провокации, зашто постои голема можност да бидете измамени!, советува Витрок.

– На 11 ноември, Месечината, минувајќи низ Близнаците, ќе се поврзе со Марс и ќе ја прекине хармонијата со Нептун. Ова ќе биде време на измамнички ситуации и вербални битки. Покрај тоа, Сонцето поминува низ деструктивниот степен на Шкорпија”, нагласува астрологот.

Од друга страна пак, Витрок додава дека 12, 13 и 14 ноември се поволни датуми кога можете да добиете помош и поддршка дури и ако не сте ги очекувале, а многумина ќе бидат буквално „погодени“ од ненадејна среќа.
Изненадувања, но непријатени, може да очекувате и на 26 и 27 ноември кога Месечината транзитира низ Јарецот, па така многумина ќе почувствуваат ладење на емоциите.

На 28 и 29 ноември Месечината пак, транзитира низ Водолија, поврзувајќи се со Сатурн, што може да даде добар отрезнувачки ефект или за многумина – потрага по вистинска стратегија.

За  луѓето со интуиција особено е важен 30 ноември, кога Месечината транзитира низ знакот Риби, овозможувајќи пророчки соништа, објаснува астрологот.

 

 

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....