Можеби најпопуларниот пророк на сите времиња, Французинот Мишел де Нострадамус, во своите визии не ја заобиколи 2022 година.
Во 16 век, Нострадамус со неверојатна прецизност погодил што ќе се случи по неговата смрт. Така, го „виде“ нападот на Њујорк на 11 септември, подемот на Адолф Хитлер, големиот пожар во Лондон, откритијата на Луис Пастер, двете светски војни, нуклеарните експлозии во Хирошима и Нагасаки, како и слетувањето на Месечината.
Она што Нострадамус го предвиде за 2022 година ги загрижи жителите на нашата планета, пишува timesnownews.com
Толкувачите на неговите визии и пророштва неодамна објавија на неколку различни портали дека четири настани може да ја одбележат годината што претстои, можеби и остатокот од нашите животи.
НУМЕРОЛОГИЈА: Карактерот е запишан во датумот на раѓање, откријте што кажува за вас
Првиот настан се однесува на потенцијален удар на астероид. Нострадамус на две места во своите пророштва рекол дека планетата Земја ќе ја потресе „удар од небото, поради чија силна светлина ноќта ќе изгледа како ден“.
Толкувачите се согласуваат дека ова е недвосмислено можен удар на астероид, бидејќи НАСА неодамна предупреди за таа можност во 2022 година. Ова е и најдраматичната визија на Нострадамус за годината што претстои.
Втората визија на Нострадамус е за инфлацијата во светот. Во своите визии за 2022 година, тој нагласи дека луѓето ќе ги загубат вредностите што ги поседуваат бидејќи работите ќе излезат од контрола и никогаш нема да имаат доволно пари да платат за тоа што треба.
Третиот настан кој би можел да ја одбележи 2022 година е вештачката интелигенција. Не знаејќи колку светот ќе напредува во 21 век за следната година, Нострадамус рече дека „машините ќе добијат човечки облик и постојано ќе ни кажуваат што да правиме“.
ШТО ЗНАЧАТ ТРИТЕ ДВОЈКИ ВО 2022 ГОДИНА? Низата 2-2-2 ќе им ја промени судбината на луѓето
Тој прецизираше дека човекот ќе се обиде да ги контролира машините, но дека може да излезат од контрола и да ни ги одземат животите.
Толкувачите се согласуваат дека можеби е дојдено времето во кое машините нè контролираат бидејќи мобилните телефони и компјутери ни го обележуваат секојдневието, но овде нагласуваат дека може да дојде до дефект, можеби на интернет, кој ќе го потресе светот.
Конечно, тука е и четвртата визија на Нострадамус, со прилично локален карактер. Французинот виде сериозни проблеми во својата земја во 2022 година.
Тој тврдеше дека Франција ќе ја зафатат голем број пожари и невидени суши, како и поплави, кои ќе ги зафатат околните земји.
„Стотици илјади луѓе ќе останат без покрив над главата“, изјави најпознатиот пророк на сите времиња, кој, интересно, не ги спомна епидемиите од 2022 година.
НУМЕРОЛОГИЈА: КОЈ Е ВАШИОТ АНГЕЛ ЧУВАР? Откријте со помош на името