17.8 C
Скопје
13:36 - 5 ноември, 2024

НЕДЕЛЕН ПАРИЧЕН ХОРОСКОП (24 до 30 ЈАНУАРИ): Од Скорпијата се бара креативност, Водолиите помалку да лажат, а Раковите се трансформираат…

Овен

Можеби не сте толку среќни како што сте вообичаено, но ова е време на неверојатен раст бидејќи ја прифаќате одговорноста да бидете вистински и целосно свои со сите луѓе со кои комуницирате. Звучи лесно, иако не е. Можеби се чувствувате поприземјени од кога било досега, особено кога станува збор за штедење наспроти трошење. Ги правите сите правилни потези, па верувајте во себе!

Бик

За вас, оваа недела е за нова енергија во вашиот домашен сектор, каде што гладта за креативност може да ве натера да потрошите повеќе отколку што имате за обновување и преуредување. Сепак, не се работи за тоа колку трошите, иако треба да менаџирате подобро. На крајот на краиштата, сепак ќе се премислите за неколку години.

Близнаци

Аспектите во вашата куќа на политиката, социјалните групи, надежите и соништата бараат да преземете одговорност за она што сакате да го постигнете во вашиот личен и професионален живот. Да се биде невидлив веќе не е опција. Со кого се дружите ве дефинира во работниот свет. Погрижете се да комуницирате не само кој сте сега, професионално и финансиски, туку и кој сакате да бидете во иднина.

Рак

Сега сте во трансформативна фаза со аспекти во вашата куќа на минати животи, соништа, карма и институции. Можеби се чувствувате како да се движите бавно, но тоа е само затоа што од вас се бара да навлезете малку подлабоко во себе. Комбинирајте го собирањето информации со внимателна акција и ќе откриете дека на крајот на краиштата сте на вистинскиот пат.

ХОРОСКОП ЗА ЈАНУАРИ 2022: Љубовен месец за Девиците, Биковите и Рибите, кризи за Вагите и Раковите…

Лав

Вие сте социјална пеперутка оваа недела. Толку многу време се троши во комуникација со нови пријатели, колеги, ментори и клиенти што може да откриете дека сте го надминале буџетот за трошоци. Нека оди, само еднаш. Иако прекумерното трошење не е добра навика за негување, вие сте доволно паметни за да знаете кога да кажете „доста е“. Плус, ќе работите со толку многу од овие луѓе што тоа е добра инвестиција во вашата финансиска иднина.

Девица

Оваа недела со голема посветеност ги придвижувате вашите цели во кариерата. Вашата видливост на работното место се зголемува и ги имате потребните алатки за да изградите силни, јасни пораки. Во меѓувреме, вие ја имате способноста убедливо да го изнесете вашиот случај. Од рекламирање до создавање брошури до привлекување повеќе клиенти, направете го тоа убаво и убедливо. Нема ништо што не можете да направите сега.

Вага

Во тек на оваа недела ќе да бидете поодговорни за воспоставување и развивање работни контакти меѓу вашите социјални групи. И покрај тоа што можеби сте уморни, најдобро е да останете после работа за да си го средите инбоксот. Озборувањата на кои сте изложени можеби треба да ги имате на ум, бидејќи че послужат во вашата стратегија.

Скорпија

Оваа недела можеби се чувствувате малку позбунети и помалку приземјени од нормалното. Додадена е одредена тежина во вашето семејство и романтичниот сектор. Импулсот може да биде да се повлечете, особено онаму каде што е вклучено трошењето. Сепак, забавата во рамките на вашиот буџет може да биде едноставно како користење на вашата имагинација. Бидете што е можно покреативни под околностите.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (24. до 30. јануари): Одлични вести за земјените хороскопски знаци, а ОВОЈ ќе биде најсреќниот знак!

Стрелец

Оваа недела има акцент на умот, размислувањето и изразувањето на идеи. Можеби ќе бидете во искушение да потрошите на виртуелни часови или работилници оваа недела, особено ако ве одведат надвор од себе и ве насочат на внатрешна или надворешна потрага. Само погрижете се тоа да е нешто што има капацитет да одговори на поголемите животни прашања.

Јарец

Оваа недела имате нов фокус во домот и внатрешните емоции. Ако сте размислувале за концептот на дом и што тој ви значи, можеби ќе сакате да пуштите корени, за прв пат во животот. Додека го средувате вашиот домашен живот, погрижете се и внимателно да ги буџетирате проектираните трошоци за живеење за годината. Она што го сакате може да се направи сè додека е однапред испланирано.

Водолија

Оваа недела можеби ќе треба да се чувате од измама, дури и ако тоа е направено во име на заштита на нечии чувства. Аспектите во вашиот сектор за врски покажуваат дека вие или некој друг може да бидете во искушение да ја искривувате вистината во вашите заеднички зделки. Посветете повеќе внимание и одговорност во вашите комуникации. Лагите, без разлика колку се мали или добронамерни, сега може да имаат контраефект и да ризикуваат да го уништат она што може да биде одлично финансиско партнерство.

Риби

Во овој момент размислувате за вашиот следен потег. Тоа е затоа што аспектите во вашиот финансиски сектор може да го забават она што доаѓа. Не паничете! Кога Универзумот затвора прозорец во една област, отвора во друга. Користете ја вашата имагинација за да смислите нови начини за заработка, особено што се однесува на вашиот секојдневен работен век. Може да откриете дека дури и другиот потег доаѓа со повеќе пари.

Слични објави

(Фото+видео) Зои Блаж откри дека е бремена: Инфлуенсерката објави емотивно видео со сопругот

Еспресо

(Видео) Објавено првото видео од повикот на Диди во затвор: Децата му го честитаа роденденот

Еспресо

(Фото) Деми Мур откри за кого гласала во Америка, Северина се јави, еве што ѝ напиша

Еспресо

Цеца брутално искрена за затворските денови: „Ми смрзнаа коските во ќелијата, не јадев со денови“

Еспресо

Хороскоп за 5 ноември: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо
Се вчитува....