2.8 C
Скопје
14:40 - 20 декември, 2024

Неделен хороскоп (од 5 до 11 јуни): Добра вест за Овните, интересна средба за Јарците, големи промени за Рибите…

ОВЕН: ДОБРА ВЕСТ!
Драг Овен, конечно оваа недела планетата Венера ќе престане да ви го попречува љубовниот живот и ќе се врати да дејствува во ваша корист! Веќе во понеделник љубовта ќе може да ви донесе големо задоволство… Добри вести и на работа: од недела планетата Меркур повторно ќе стане активна, подготвена да ви даде нови можности. Денови на среќна Месечина: среда и четврток.

БИК: ВЕНЕРА ВИ ВРТИ ГРБОТ
Драг Бик, за жал оваа недела планетата Венера ќе ви го заврти грбот: веќе почнувајќи од понеделник може да почувствувате некоја поголема напнатост во чувствата… Посветете особено внимание на среда и четврток, кога Месечината во неповолна положба може да направи недоразбирања во комуникацијата, особено со партнерот/ката. Од друга страна, полето на работа е среќно, со прекрасен Јупитер и Меркур на ваша страна до следната недела.

БЛИЗНАЦИ: ОДЛИЧЕН ПЕРИОД
Драги Близнаци, оваа недела – почнувајќи од недела – планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак и ќе ви донесе навистина посебен период, во кој ќе има авантури и средби за паметење! Дури и Венера, веќе во понеделник, повторно ќе биде активна во ваша корист: љубовта во месец јуни ветува наплив на големи емоции… Среќни месечеви денови: среда и четврток. Нервозна месечина, сепак, за време на викендот.

РАК: СТРАСТ НА ПОВИДОК!
Драг Рак, оваа недела планетата Венера ќе го напушти вашиот знак, но вие уште долго ќе ги чувствувате придобивките од нејзиниот транзит: љубовта ќе биде на ваша страна и страста сигурно нема да изостане… Пазете се од напнатите денови – понеделник и вторник, кога Месечината во опозиција може да ви донесе дополнителни нервози. Среќна месечина, пак, за време на викендот, кој целосно ќе биде посветен на љубовта!

ЛАВ: ДОБРЕДОЈДЕ ВЕНЕРА!
Драг Лав, дали сте подготвени да ја пречекате Венера во вашиот знак? Оваа недела планетата на љубовта ќе биде на ваша страна и тоа ќе биде многу долг транзит, кој неколку месеци ќе ви гарантира среќа на полето на чувствата… одлични љубовни приказни на хоризонтот! Во меѓувреме, обрнете внимание на деновите со нервозна Месечина, среда и четврток, кога нешто може да не оди баш како што сте планирале…

ДЕВИЦА: ЈУПИТЕР МИСЛИ ЗА ВАС!
Драга Девица, оваа недела – за жал – планетата Меркур ќе ви го сврти грбот. Почнувајќи од недела може да наидете на уште неколку пречки, особено на вашиот професионален пат. Сепак, наклонетоста на планетата на среќата – Јупитер, ќе се погрижи да обезбеди долгорочен успех на вашите проекти, и покрај тешкотиите. Среќни денови: понеделник и вторник. Нервозни денови: петок, сабота и недела.

ВАГА: СРЕЌА!
Драга Вага, Венера конечно ќе се врати на ваша страна оваа недела! Откако ве попречуваше во последниот период, планетата на љубовта сега е подготвена да ви гарантира летни месеци во кои се ќе се случува во име на страста и чувствата: ако сте сè уште сингл, може да се родат љубовни приказни предодредени да траат… Почнувајќи од недела, дури и Меркур ќе почне да работи во ваша полза, а ќе има добри вести.

СКОРПИЈА: КОМПЛИЦИРАН ПЕРИОД

Драга Шкорпија, за жал оваа недела планетата Венера ќе ви го заврти грбот: веќе во понеделник ќе започне комплициран период во однос на љубовта, во кој може да завршите со преиспитување на приказната што ја живеете… Добра вест, сепак, на професионален план: од недела планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција и тркалото повторно ќе се врти во ваша корист!

СТРЕЛЕЦ: НАПНАТОСТ
Драг Стрелец, за жал оваа недела планетата Меркур ќе дојде во опозиција со вашиот знак: почнувајќи од недела може да наидете на некои блокади или забавувања на вашиот деловен пат, но никогаш не губете ги од вид вашите цели! Пазете во особено нервозните денови петок, сабота и недела, кога Месечината ќе ви донесе дополнителна напнатост… Среќна Месечина, пак, ќе имате во среда и четврток.

ЈАРЕЦ: ИНТЕРЕСНА СРЕДБА
Драг Јарец, конечно оваа недела – почнувајќи од понеделник – планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак и во љубовта ќе се врати спокојството! Поминавте низ комплициран период кој ја стави вашата врска на тест, но сега ќе можете да најдете решение кое долгорочно ќе се покаже како вистинското за вас! Понатаму, во понеделник и вторник, убава Месечина ќе ви донесе среќа на љубовен план, а можно е и да запознаете интересна личност.

ВОДОЛИЈА: ЉУБОВНИ МАКИ
Драга Водолија, оваа недела планетата Венера ќе биде во опозиција на вашиот знак и, за жал, тоа ќе биде прилично долг транзит, што ќе ве натера да ја преиспитате врската во која живеете или, доколку сте слободни, да се разочарате од оној/онаа кој/а ви се допаѓа. Целиот овој период не е за започнување врски, но не е и невозможно да ја љубовта на вашиот живот токму сега… Среќа, сепак, ќе имате на професионалното поле почнувајќи од недела, кога Меркур повторно ќе ви се насмевне.

РИБИ: ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
Драги Риби, на ваша страна ја имате наклонетоста на Јупитер и конјукцијата на Сатурн: во наредните месеци ќе има некои големи промени, сите позитивни, кои главно ќе се однесуваат на професионалната сфера… Пазете се во меѓувреме од неповолниот транзит на Меркур кој, почнувајќи од оваа недела, може да донесе некои мали неочекувани работи или уште некои пречки на вашиот деловен пат. Обложувајте се во суперсреќните денови петок и сабота.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо
Се вчитува....