22.8 C
Скопје
16:41 - 27 април, 2024

Неделен хороскоп (26 декември – 1 јануари): Добри вести за Рибите, ѕвездени денови за Јарците, меланхолија за Раковите…

Новата година ќе дојде со прекрасна Месечина во знакот Бик, подготвена да им донесе среќа на сите земјени знаци, ама не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвувиваат ѕвездите оваа недела!

Овен: убава енергија!
Драг Овен, планетата Јупитер се врати во вашиот знак и првиот дел од 2023 година ќе ви донесе добри вести! Оваа недела сепак може да ве погоди неповолната положба на Венера и Меркур, што ќе донесе дополнителна напнатост на работа и во семејството. Искористете ги супер среќните денови четврток и петок, кога во вашиот знак ќе блесне прекрасна Месечина и ќе почувствувате прекрасна енергија во воздухот!

Бик: со Месечината во знакот!
Драг Бик, на новогодишната ноќ месечината ќе блесне во вашиот знак: подгответе се да ја започнете 2023 година со многу среќа! Сабота и недела ќе бидат два навистина романтични денови, во кои на ваша страна ќе ја имате и наклонетоста на Венера и на Меркур, подготвени да ве фаворизираат и во сферата на чувствата и во професионалната област. Единствениот донекаде напнат ден во неделата ќе биде понеделник, со неповолна положба на Месечината.

Близнаци: со моќта на Марс!
Драги Близнаци, новата година започнува со Марс на ваша страна кој ви дава убава енергија и голема желба да се вклучите во сите настани! Дури и Јупитер конечно се врати да ви се насмевне: во првиот дел од 2023 година нема да недостасуваат потврди и награди. Оваа недела може да доживеете некоја дополнителна напнатост во семејството или на работа во вторник и среда, кога ќе мора да ја поднесете неповолната Месечина.

Рак: меланхолична Нова Година
Драг Рак, оваа новогодишна ноќ внесува малку меланхолија во вашиот знак, кој ќе ја почувствува целата тежина на Венера и Меркур во опозиција… Ќе има тензии со членовите на семејството или со партнерот, а особено ќе се вжештат во четврток и петок, кога ќе имате нервозна Месечина. Од друга страна, среќни се деновите, сабота и недела кога – и покрај се – повторно ќе најдете насмевка!

Лав: Месечина во опозиција
Драг Лав, за жал, вашата недела започнува со понеделник во кој Месечината ќе биде во опозиција, и која може да биде малку тешка… Сепак, не грижете се : ја имате наклонетоста на Марс и Јупитер – планети кои се на ваша страна, кои ви даваат убав поттик на енергија и ќе ви донесат среќа во вашите проекти, особено на професионален план. Прекрасна романтична Месечина ќе ви свети во четврток и петок.

Девица: закрепнување!
Драга Девица, оваа недела ќе треба да издржите два спротивставени месечеви денови, вторник и среда, во кои би можеле да доживеете моменти на стрес, нагласени со неповолната положба на Марс. На овој крај од годината пристигнувате особено уморни и истрошени: сепак не грижете се, во наредните месеци ќе можете да доживеете одлично закрепнување. Уживајте во новогодишната ноќ со прекрасна поволна месечина на ваша страна!

Вага: тежок крај на годината
Драги Ваги, овој крај на годината нема да биде најдобар од астролошка гледна точка: Јупитер се врати во опозиција и ќе ви носи тешкотии во љубовниот живот се до пролет, додека планетите Венера и Меркур во неповолна положба носат тензии и на работа и во семејството. Како тоа да не е доволно, меѓу четврток и петок ќе ја имате и Месечината во опозиција и може да се чувствувате особено уморни и нервозни. Среќен ден – понеделник.

Шкорпија: одлично!
Драга Шкорпија, оваа недела можете да сметате на наклонетоста на планетите Венера и Меркур, подготвени да ви донесат среќа и на работното место и на сентименталното поле. Најсреќните денови ќе бидат вторник и среда, кога дури и Месечината ќе биде на ваша страна, подготвена да ви подари убави емоции, со партнерот или со семејството. Сепак, внимавајте на Месечината во опозиција во сабота и недела кога не треба да ја истурате вашата нервоза на блиските и да предизвикувате кавги.

Стрелец: пад на енергија…
Драг Стрелец, после толку месеци Марс во опозиција, имате целосно право да се чувствувате уморни и без енергија! Оваа недела ќе ви донесе малку одмор и ќе ви овозможи да најдете време да се опуштите и да бидете со луѓето што ги сакате. Особено среќни ќе бидат деновите четврток и петок. Обрнете внимание на деновите вторник и среда, кога Месечината во неповолна положба може да создаде нрвоза и некои неуспеси…

Јарец: со крената глава!
Драг Јарец, овој крај на годината ве гледа како вистинска ѕвезда на Зодијакот! 2023 година ќе ја започнете со Венера и Меркур во вашиот знак, кои ќе ви гарантираат блискост на посебни луѓе… ќе доживеете новогодишна ноќ полна со љубов! За жал, планетата Јупитер се врати во неповолна позиција, и ќе ви донесе мал умор и уште неколку препреки во наредните месеци… но вие како и секогаш ќе излезете со крената глава!

Водолија: со десна нога, напред!
Драга Водолија, вашата недела започнува на „десна нога“! Во понеделник можете да сметате на прекрасна Месечина во вашиот знак подготвена да ви донесе среќа. Поволните Марс и Јупитер ви гарантираат почеток на година полна со енергија: ќе има и добри вести! Единствена нескладна забелешка: Месечината во неповолна положба ќе биде во сабота и недела и би можела да ви донесе мала нервоза во новогодишните прослави.

Риби: добри вести 
Драги Риби, овој крај на годината ќе го пресретнете уморни поради долгиот неповолен транзит на планетата Марс. И покрај ова, на ваша страна ќе ги имате и планетата Венера и планетата Меркур, спремни да ве поддржат и на работа и на сентиментален фронт. Деновите вторник и среда ќе бидат особено среќни: Месечината на ваша страна може да ви донесе добри вести…

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо
Се вчитува....