22:47 - 6 ноември, 2026

Масимо беше во брак со Ени 30 години: Му помогна да се избори со зависноста, секогаш го водеше на вистинскиот пат

По борбата со тешката болест, денес почина познатиот музичар Масимо Савиќ.

Од него се простија многубројните колеги и пријатели.

Савиќ беше хрватски кантавтор и поп рок пејач. Зад себе остави голем белег и во музиката и во компонирањето и пишувањето. Беше одличен музичар, а оние што го познаваат велат дека бил и голем човек. Сепак, животот не го фаворизираше Масимо. Имал тешко детство, а тоа се одразило и во еден период од животот, кога се препуштил на наркотици.

Со сопругата, фото твитер

– Кога моите родители се разделија  имав три години, татко ми доби леукемија и почина кога имав шест години, а дотогаш тој веќе беше во вториот брак.

Не ја прифаќам премисата „кој бил малтретиран ќе стане силеџија“. Јас сум дете на разведени родители, па ќе ја имам истата судбина  – не верувам во тоа. Кај мене е обратно – изјави своевремено Масимо.

Во еден период од животот Масимо Савиќ  бил зависник од наркотици, но во борбата му помогнала сопругата Ени која го изнела на вистинскиот пат.

Масимо еднаш раскажа интересна приказна за тоа како ја запросил Ена. Имено, додека таа спиела, тој и го измерил прстенот, отишол во град и купил веренички прстен. Кога се вратил дома, клекнал на едното колено и ја замолил да му биде сопруга.

Со неа беше во брак повеќе од 30 години, а во бракот ја добија ќерката Мирна.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....