19:58 - 6 ноември, 2026

(Видео) Престрелки во Париз, тројца мртви во курдскиот културен центар; Макрон: „Мислам на жртвите кои се борат за своите животи“

Бројот на загинати во пукотницата во Париз на улицата 16 Енгиен во центарот на градот се искачи на три. Ова го соопшти париската обвинителка Лоре Бекуау, зборувајќи со новинарите на „лице место“. Еден од повредените е во многу тешка состојба.

„Има тројца мртви, едно лице во апсолутна вонредна состојба, 2 во релативно вонредна состојба, а исто така уапсениот е повреден“, рече Бекуау, додавајќи дека истрагата продолжува.

Престрелки утрово во 10-тиот арондисман погодија курдски културен центар, ресторан и фризер. Ова го соопшти управителката на областа, Александра Кордебард, додавајќи дека „вистинската мотивација“ на пукањето останува нејасна.

Претседателот Макрон рече дека „Курдите од Франција биле цел на грозоморен напад во строгиот центар на Париз“. Тој на Твитер напиша дека мисли на „жртвите, жртвите кои се борат за своите животи, за своите семејства и за нивните најблиски“.

Претставникот на Курдскиот демократски совет во Франција, Агит Полат, го нарече инцидентот „терористички напад“.

Неколку часа подоцна, околу две илјади курдски активисти излегоа на улиците, палејќи канти за ѓубре и фрлајќи различни предмети кон полицијата. Како резултат на тоа, повредени се најмалку 11 безбедносни службеници. Против активистите бил употребен солзавец.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.
Се вчитува....