03:34 - 27 декември, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (14.-20 февруари): Љубов за Девиците и Рибите, добри вести за Овните и Јарците, нови можности за Стрелците…

неделен хороскоп

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот Јарец за да влезе во знакот Водолија. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: добра вест!

Во не толку едноставен период за вашиот знак, во борба со Венера и Марс во неповолна положба, конечно доаѓа добра вест: од понеделник планетата Меркур ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви даде нови можностите и среќни средби кои во последно време ви недостигаа. Внимавајте на Месечината во опозиција во сабота и недела, кога може да се чувствувате малку поуморни од вообичаено.

Бик: конфликт на работа

За жал планетата Меркур ќе ви го сврти грбот оваа недела. На работното место може да дојде до некаков конфликт, особено можен во понеделник, вторник и среда, кога и Месечината ќе биде во неповолна положба. Венера е на ваша страна и гарантира среќа во сентименталната сфера: ако сте „сингл“ за време на викендот, ќе имате неколку шанси да запознаете некој посебен.

Близнаци: позитивни енергии!

Конечно оваа недела – покрај Сонцето активно во ваша корист – ќе можете да сметате на поддршката на Меркур, кој ќе внесе позитивни енергии во вашиот социјален живот, а исто така ќе ви помогне на полето на работата да најдете нови сојузници и ќе ви донесе интересни контакти. Искористете ги среќните денови на Месечината, понеделник, вторник и среда. Внимание, сепак, на деновите четврток и петок, со неповолна Месечина која може малку да ве онерасположи.

Рак: без пречки, но сè уште стресно

Конечно добра вест за вашиот знак, кој во овој период мора да ја поднесе тежината на бројните планети во опозиција: од понеделник планетата Меркур ќе престане да ви создава пречки и особено на работното место ќе се чувствувате послободно. Марс во опозиција, сепак, ќе продолжи да прави да се чувствувате прилично уморни. Посветете особено внимание на стресните денови четврток и петок.

Лав: не започнувајте ништо ново

За жал оваа недела планетата Меркур ќе дојде во опозиција со вашиот знак. Во следниот период може да доживеете уште неколку потешкотии во меѓучовечките односи, особено ако имате професија која ве доведува во контакт со други луѓе. Ова не е најдобро време за започнување нови бизниси. Искористете ги деновите понеделник и вторник, кога ќе имате прекрасна среќна Месечина во вашиот знак.

Девица: да живее љубовта!

Оваа недела можете да сметате на прекрасната Месечина во четврток и петок, која ќе ви донесе огромна среќа. Пред сè љубовта ви се насмевнува во овој период: Венера во Јарец дава стабилност и конкретност на вашата врска. Паровите кои се во подолга врска може да одлучат да живеат заедно, да имаат дете или на друг позитивен начин да ги скројат своите долгорочни планови.

Вага: романтичен викенд!

Оваа недела започнува со прекрасни вести: од понеделник планетата Меркур ќе престане да ве попречува на професионален план и ќе почне да делува во ваша корист, носејќи ви интересни вести. Венера, за жал, останува во неповолна положба и ќе има препирки со партнерот…Затоа, посветете си убав заеднички викенд за релаксација: во сабота и недела можете да сметате на многу романтична Месечина!

Скорпија: уште неколку пречки …

За жал оваа недела планетата Меркур ќе ви го сврти грбот. На работа може да наидете на одредени потешкотии или забавувања, особено во понеделник, вторник и среда, кога и Месечината ќе биде во неповолна положба. Среќна Месечина пак, ќе ви донесе убави емоции во четврток и петок. Во љубовта можете да сметате на наклонетоста на Венера, подготвена да внесе стабилност и страст во вашата романтична врска.

Стрелец: нови можности!

Оваа недела – почнувајќи од среда – планетата Меркур повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви даде добри можности во следниот период, особено на деловен план. Искористете ги до максимум деновите понеделник, вторник и среда, кога на ваша страна ќе имате и прекрасна, среќна Месечина. Денови се поголема нервоза се четврток и петок.

Јарец: вести на повидок!

Иако веќе не може да сметата на големата поддршка на Меркур, сепак, оваа недела ќе имате интересни можности, особено во однос на работата… на повидок се радосни вести! И планетата Марс и планетата Венера остануваат во вашиот знак, подготвени да ви дадат голема енергија на психофизички план и големи задоволства во сентименталната сфера. Среќни денови: четврток и петок.

Водолија: трпеливост

Оваа недела пристигнуваат одлични вести за вас! Почнувајќи од понеделник, планетата Меркур ќе почне да ве заштитува, а подготвена е да ви донесе добри вести особено на полето на работа. Бидете трпеливи ако работите во понеделник и вторник не се одвиваат како што треба, тоа е само негативното влијание на Месечината во опозиција. Наскоро ќе можете да добиете неочекувани резултати!

Риби: среќа во љубовта!

Оваа недела ќе морате да се справите со два нервозни денови – четврток и петок, во кои нешто може да не оди како што сте планирале. Не очајувајте веднаш: некоја мала пречка на вашиот пат нема да го наруши огромниот успех кој ве очекува од сега до мај, загарантиран со поддршката на Јупитер! Среќа на сентиментално поле: Венера ви овозможува супер-романтичен викенд.

Слични објави

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо
Се вчитува....