7.8 C
Скопје
21:08 - 1 април, 2026

НАЈГОЛЕМИТЕ НАРЦИСИ ВО ЗОДИЈАКОТ: Од 12 хороскопски знаци, само три се на оваа листа

Иако е здраво да се сакате самите себе, кај некои хороскопски знаци таа љубов е малку поизразена отколку кај другите. Од 12 знаци во зодијакот, три се издвојуваат како најголеми нарциси кои обично не се во состојба да сакаат некого повеќе од себеси. Еве за кои знаци станува збор:

Овен

Припадниците на овој знак обично себеси се сметаат за најпаметни, најпосебни и генерално подобри од останатите во се. Затоа и не се толку омилени во друштвото и обично имаат малку блиски пријатели, а нивната изразена нарцисоидност ги спречува во пронаоѓање на љубов.

Вага

Вагите се сметаат за едни од најповршните знаци на зодијакот. Лицата родени во овој знак обично сакаат убави работи и убави луѓе, а се трудат и тие самите да бидат најдобри. Уживаат во пофалби и комплименти од другите, бидејќи обожуваат да бидат во центарот на вниманието, а кога не се, ќе се потрудат да бидат. Во состојба се да се фалат и самите себеси и често ги преувеличуваат приказните за своите постигнувања.

Лав

Огнените Лавови се познати по својата егоцентричност која воглавно и воопшто не ја сокриваат. Тие многу јавно и многу искрено се восхитуваат самите на себе, бидејќи навистина веруваат дека се подобри од другите во се. Но, иако за себе сакаат да мислат дека се омилени во друштвото, вистината најчесто е сосема спротивна, бидејќи ретки се оние кои можат да се носат со нивното его.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....