14.8 C
Скопје
11:27 - 3 ноември, 2024

(РАЗГОВОР)С.A.M., ХИП-ХОП АРТИСТ: Потребна е одговорна уметност, доста е бегање од реалноста, време е за соочување!

никола трпески с.а.м s.a.m

Трпески Никола – С.A.M. (29) е компаратист и хип-хоп артист од Тетово, кој по дебитирањето пред 3 години, создава нов израз во македонската рап традиција, базиран на македонскиот поетски дух. С.А.М. и неговиот интертекстуален пристап кон рап музиката има создадено лојална публика и обожаватели кои го поддржуваат постојаното трансформирање на младиот уметник. „Втора Слобода“ е колаборативно ЕП издание, со Бојан Филиповски – Gloomié, кое надежно ќе го зацементира „малиот и кроток“ израз на музичарот.

Ова ЕП издание „Втора Слобода“ е твоето трето дело, по дебитантскиот албум „Огледало“ и по него „Пркос“, колку време работиш на овој проект и која е инспирацијата зад него?

– Почетокот на овој проект го најави синглот „Без Срам“, сингл кој настана како спонтана дружба во студио со Gloomié. Во меѓувреме, сè уште затекнат од пандемијата бев немоќен да напишам нешто ново, нешто конкретно. Поминував низ една творечка блокада сè дури Бојан пак не ме повика во студио да работаме на тоа што сега е „Втора Слобода“.

Помнам дека имав само кратка и груба строфа од „Пустиња“ и веќе ја имав поемата која послужи за интрото. Останатите песни настанаа во рок од два дена интензивно пишување и снимање.

Главната идеја ми беше рецептот на „проста и строга македонска песна“, само што во мојот случај таа песна е „мала и кротка“. Низ песните се провлекува една искрена исповедна нишка, рефлексија кон мојата внатрешна состојба и сите мои стравови, мечти, желби и љубови.\

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S.A.M. (@kurchoxsam)

Врската помеѓу поезијата и рап-лириката во твоето дело е многу симбиотична, дали сметаш дека двата изрази можат да се разделат?

– Секако дека можат да се разделат, не секој рап е поезија.

Што се однесува до моите дела, настојувам да користам некој поетски јазик бидејќи ми дава простор да играм подруго со зборот и да бидам попрецизен со искажувањето на работите кои ми тежат или ме инспирираат без да преминат во патетика а да добијат универзален карактер.

никола трпески с.а.м. s.a.m
фото: Драги Неделчевски

Во кој израз прво се имаш пронајдено или ситуацијата е како јајцето и кокошката?

– Најпрво сум хип-хоп артист, а дури потоа сум поет во обид. Не можам да кажам за себе дека сум поет бидејќи мислам дека уште ја немам ни гребнато површината, но со сигурност тврдам дека сум хип-хоп артист.

Колку од изданието „Втора Слобода“ е направено самостојно и кој е одговорен за продукцијата и финалниот звук на проектот?

– „Втора Слобода“ е колаборативен проект со Бојан Филиповски Gloomié. Јас бев единствено задолжен за текстот, додека музиката, аранжманот, снимањето и сите останати техникалии и илустрацијата на каверот се на него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloomié (@gloomie___)

Во твоето творештво се провлекуваат влијанија од македонска поезија и ретро поп-македонска сцена. Дали со овие влијанија целиш кон естетика?

– Златната ера на Макфест за мене е 1986-1996, тоа што ме влече кон тој македонски поп звук е токму она вешто играње со македонскиот јазик, неповторливи се песните кои излегоа тоа време и ден денеска сигурно се слушаат.

Додека пак, македонската поезија уште од детство ми е драга и морам да признаам дека на раните почетоци знаев да „крадам“ рими од учебниците по македонски јазик и литература и збирките поезија кои ги имав дома или ги земав од градската библиотека.

Дали ЕП изданието ќе биде достапно за публиката во физичка форма и ако да, каде може да се набави?

– „Втора Слобода“ сега засега ќе е достапно само преку сите стриминг платформи, немаме размислувано за физичко издание.

Зошто треба да се рецитира и да се пишува поезија денес?

– Не треба, мора.

Но мислам дека не е за секој, ко што не е за мене пишувањето проза. Но ако некој смета дека тоа му е повик или потреба, тогаш слободно. Мене ме има спасено, и не го кажувам тоа туку-така.

И ако нешто ми остана врежано од последните часови на факултет е апелот од професорката дека ни е потребна одговорна уметност.

Доста е од талкања и бегање од реалноста, време е за соочување, со самите себе и со светот околу.

никола трпески с.а.м s.a.m
фото: Драги Неделчевски

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ задоцнила на митингот на Доналд Трамп во Вирџинија: Водителката откри што се случило

Еспресо

Учесничка во српско реално шоу се претставувала како ќерка на Здравко Чолиќ! Лажела за „кликови“ и следбеници на социјалните мрежи

Еспресо

Хороскоп за 3 ноември: Биковите ќе потрошат повеќе пари, Лавовите ќе се трудат околу саканата личност

Еспресо

Поради пораката на ќерката на Карлеуша за девојчињата кои загинаа во Нови Сад, многумина ќе плачат: „Кој ќе одговара?“

Еспресо

Внука на познатата српска пејачка е меѓу загинатите во страотната несреќа во Нови Сад

Еспресо

(Фото) Нема да ви се верува! Сузана Манчиќ со една фотографија предизвика бура на социјалните мрежи

Еспресо
Се вчитува....