2.8 C
Скопје
17:08 - 20 декември, 2024

МЛАДА МЕСЕЧИНА ВО ВОДОЛИЈА: Февруари е месец на промени и поглед на големата слика

Млада месечина во февруари е во знакот на Водолија. Оваа лунација нè инспирира не само да сонуваме за иднината, туку и да ја направиме реалност. Служи како потсетник за тоа каде сакаме да бидеме утре.

Овен

Oваа месечина ќе ве инспирира да се усогласите со луѓето кои ве сакаат, поддржуваат и разбираат. Ќе добиете космички потсетник дека пријателството и подадената рака ви се достапни ако ги побарате. Додека сте жестоко независни, размислете како да бидете радикално искрени за себе и за вашите најголеми надежи може да ви помогне да се чувствувате дека дел од нешто поголемо.

Бик

По што сакате да ве запомнат? Кога некој ќе го каже вашето име, што сакате да следи потоа? Размислете за вашето наследство за време на оваа лунација и дали работата што ја работите и поради која луѓето моментално ве познаваат е како сакате да ве паметат за година, за пет, за десет. Ако се двоумите, сега е време да започнете да го менувате тој наратив.

Близнаци

Близнаци, од вас се бара да следите одредена страст со полни срце. Познати сте по вашиот љубопитен, слободоумен пристап, а оваа лунација бара од вас таа природна карактеристика да ја искористите до крај. Тоа би можело да биде навлегување подлабоко во полето на студирање, духовна пракса, патување. Време е да се направи список на авантури и да почнете да го дејствувате.

АСТРО КАЛЕНДАР: Какви астролошки настани нè очекуваат во февруари? Месец исполнет со љубов и фантазија

Рак

Оваа месечина бара од вас да ја истражите вашата врска со зборот „безбедност“. Што прави да се чувствувате сигурно? Каде можете да бидете најранливи и со кого? Овие врски треба да ги негувате. Искористете ја оваа лунација за да ги зајакнете односите на работа, дома, во љубовта, со парите кои ви дозволуваат да се чувствувате мирно.

Лав

Оваа месечина е совршена за лавовите да ги зацрвстат врските. Каде доживувате нерамнотежа во најинтимните односи? Дали се чувствувате осамено без разлика дали сте сингл или во партнерство? Искористете ја оваа лунација за да ја манифестирате љубовта за која отсекогаш сте сонувале, без оглед на статусот на вашата моментална врска.

Девица

Девиците се познати по тоа што се потпираат на структурата. Без разлика какви системи на организација имате во вашиот ден оваа месечина во Водолија ве поканува да додадете нешто инвентивно во вашата рутина што ќе ви го олесни животот. На тој начин, можете да се чувствувате поусогласени меѓу вашите потреби и желби и да бидете најпродуктивни – и што е најважно, креативни.

МАРС ВО ЈАРЕЦ ИНСПИРИРА АМБИЦИЈА И СЕКС: Проверете што значи тоа за вашиот хороскопски знак

Вага

Оваа месечина бара од вас да го посветите цело срце во нешто што го сакате. Што ви е скапоцено? Што ви носи радост и задоволство? Оваа нова месечина би можела да биде одлично време за повторно поврзување со детето во вас и размислување за тоа што сонувавте да бидете како мали. Како можете да го направите тој сон реалност?

Скорпија

Каде се чувтввувате како дома? Каде можете да го симнете гардот и со кого? Како Скорпија го третирате вашиот личен простор како тврдина, но, дали чувствувате дека вашата моментална средина е светилиште? Користете ја оваа лунација за да размислите кои структури можете да ги додадете или отстраните за да го направите вашиот дом попогоден за вашите потреби.

Стрелец

Размислувањето за големата слика ви доаѓа лесно, но со деталите немате толку среќа. Не го поминувате вашето време во правење планови. Но, оваа лунација ви укажува да го направите токму тоа. Веројатно веќе го имате замислено вашиот сон. Сега е време да преземаме конкретни чекори кон него. Засади ги семињата и гледајте како расте.

СЕЗОНА НА ВОДОЛИЈА: Овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа, ќе ја спознаат слободата и ќе рушат граници!

Јарец

Оваа месечина бара од вас да размислите за вашата врска со заработката. Вие сте вреден работник и ништо помалку од мајсторство нема да направи да се чувствувате задоволни. Но, дали можете да се дефинирате себеси надвор од плата? Вашата вредност е многу повеќе од она што можете да го произведете за другите.

Водолија

Сега е вашето време да блеснете, дури и ако не сте сосема сигурни за крајната дестинација. Со млада месечина, нема светлина на ноќното небо. Не можеме секогаш да видиме каде одиме, но веруваме дека ќе стигнеме таму. Со тоа што веруваме во себе. Изберете нешто што го сакате кај себе, а потоа работете со тоа за да гледате како се манифестираат вашите соништа.

Риби

Оваа нова месечина е за вашите соништа. Оние што ги замислувате во вашиот буден ум, целите што сакате да ги постигнете, но и оние што ви се појавуваат во вашата потсвест. Кога ќе можете да ги поврзете страстите што се наоѓаат под површината со начинот на кој го живеете вашиот живот, тогаш можете да манифестирате реалност што ги интегрира сите делови од себе, умот, телото и душата.

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ 2022: Нè очекува прекрасен тек на енергија по Ретроградниот Меркур

Слични објави

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо
Се вчитува....