-4.2 C
Скопје
03:50 - 19 јануари, 2026

Љубовни маки: За три хороскопски знаци се можни горчливи разделби следната недела

Астролозите направија прогноза за следната недела за периодот од 8 до 14 мај. За жал, некои знаци на Зодијакот ќе се соочат со горчливи љубовни проблеми, па дури и горко ќе заплачат.

Но секое „лошо“ е за добро, потсетуваат ѕвездите.

Кои знаци треба да се подготват за проблеми во врската и воопшто во љубовниот живот, прочитајте подолу.

Овен

За жал претставниците на овој хороскопски знак ќе се соочат со поголеми љубовни маки, а можни се и драмтични разделби. Планетата на љубовта, Венера, е во неповолна положба и ќе предизвика посилни тензии и кавги дури и меѓу најстабилните врски. Ѕвездите ве советуваат да обрнете особено внимание на вторник и среда – денови кога и Месечината ќе биде во нервозна позиција. Доколку сакате помирувачки дијалог, одложете го за следниот викенд.

Јарец

И Јарците ќе имаат скршени срца во текот на претстојната недела. Не е лесно време за вашиот знак, принудени сте да се справите со двојна спротивставеност – на планетата Венера и на планетата Марс. Дополнително, стресот и заморот ќе направат да бидете нервозни и лесно избувливи. Доколку сте во врска, партнерот ќе ви го заврти грбот, а само цврстите парови ќе ја надминат кризата. Оние кои се „сингл“ не треба да преземаат никакви чекори на љубовен план, зашто ќе се соочат само со разочарувања.

Лав

Лавовите нема да бидат дотолку притиснати од љубовни маки, колку што самите ќе си ги направат. Вашата нетрпеливост ќе предизвика низа жестоки дискусии со саканата личност, но сепак, ќе успеете да ја надминете кризата, а викендот ќе биде дури и романтичен. Сепак, посветете особено внимание на нервозните денови четврток и петок, кога ќе ја имате и Месечината во опозиција.

Два хороскопски знаци наскоро ќе останат без пари: Еве кој може да очекува проблеми на средината на мај

 

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ го „запали“ Инстаграм: Пејачката позираше во костим за капење со леопард принт

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно шокираше: Пејачката се спружи среде трговски центар, чантата и палтото ги фрли на подот

Еспресо

(Фото) Не остави ништо на фантазијата: Ѓина Џиновиќ позираше во краток свилен фустан, во преден план ѝ беа бујните гради

Еспресо

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски покажа чанта вредна 2.200 евра и порача: „Мажот ѝ дава на жената што ја сака“

Еспресо

(Фото) На 78 години има неверојатно тело: Верица Ракочевиќ покажа како изгледа во бикини на Флорида

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Биковите ќе се релаксираат, Стрелците ќе уживаат во друштво на најблиските

Еспресо
Се вчитува....