-3.2 C
Скопје
05:49 - 23 декември, 2024

Летен хороскоп: Неочекувани трошоци за Овните, љубовно лудило за Стрелците, посебна личност за Девиците и Јарците…

Летниот хороскоп ни подготвува убави изненадувања. Но, за волја на вистината, не баш на сите хороскопски знаци.

Оваа година за многу знаци е година на „одмазда“. За некого се расплеткаа ситуациите и сега се желни за реванш, додека за други љубовта и успехот пристигнуваат.

Овен, неочекувани трошоци
Иако летото за родените во знакот на Овен ќе го карактеризираат патувања, авантури и одлични деловни зделки, на крајот паричникот би можел да настрада! Подобро да не се понесете од ентузијазам, за да не ги расипете однапред добрите работи кои и онака се зад аголот. Советот од ѕвездите е да не брзате!

Бик, заработка но со „жртвувања“
За родените во знакот Бик се очекува одлична заработка, нови соработки и задоволувачки резултати на работното место. Сето ова, сепак, ќе доведе до тоа да ја запоставите љубовта и особено партнерот ако сте во долга врска.

Близнаци, внимавајте на шопингот
Успехот што го доживуваат Близнаците е многу за почит. Пријателства, почит во деловните односи, дури и патувања и дополнителни приходи. Но, овој хороскопски знак има склоност кон шопинг и ова лето ризикува премногу да ја обнови гардеробата, без да може да ужива во сето она што го купил, а згора на тоа постои ризик и од други вонредни трошоци кои ќе доведат до главоболки.

Рак, потреба од поддршка
Раковите никогаш не виделе толкаво задоволство како во овој период. Зголемување на платата, дополнителни можности за работа, дури и исполнета врска и идни проекти за патувања и нови искуства. Но, запрашајте се пред да се залетате – можете ли да се промените?, зашто можеби нема да можете „да го држите ритамот“. Подобро е да ангажирате соработник кој ќе ви помага барем во бирократските или подосадни задолженија.

Лав, растргнат помеѓу љубовта и кариерата
Дури и за родените во овој знак не недостига задоволство, но секогаш со „но“. Лавовите секогаш ќе бидат анксиозни, бидејќи постојано ќе треба да бираат дали да обрнат внимание на работните успеси или на партнерот. А и на двете полиња во текот на летото ќе имаат убави можности.

Девица, ќе блескате

Сега доаѓаме до знакот кој ова лето ќе блесне како никогаш досега! За Девицата доаѓа задоволството од работата, унапредувања, одлична заработка и среќа, и последно, но не и најмалку важно љубов каква што таа никогаш не доживеала. Интензивна, романтична, страсна, но полна со наклонетост и меѓусебно почитување. Девиците само треба да веруваат дека сето ова ќе трае што подолго.

Вага, решете се од неодлучноста

Ѕвездите ги советуваат Вагите внимателно да ги разгледаат своите одлуки пред да преземат акција. Ќе стигнат убави вести за финансирање и добри можности за кредити, но толку ќе бидете неодлучни што ќе ризикувате се да загубите. Исто така, внимавајте добро да го испланирате патување, при кое „одвлекувањата“ би можеле да го уништат вкусот на уживањеѕо.

Скорпија, треба да се опуштите
За овој знак се чини дека нема грижи во паричниот сектор. Работата не недостига, а не недостасува ниту задоволството. Но, Скорпиите, сепак, сега копнеат само за една работа: долг одмор со целосна релаксација. Па што чекате? Уживајте во летото и на малку барем заборавете на работата!

Стрелец, кога и љубовта е „премногу“
Стрелците доживуваат навистина магичен момент во однос на љубовта. Големи планови на ова поле се пред нив во текот на летото во кое очекувајте да „паднат“ веридби, предлози за свадби, за селидби, почнување живот под ист покрив…Внимавајте, иако станува збор за љубов од сите страни, да не испадне дека ја барате од двајца истовремено…па, потоа да бидете „живи“ фатени.

Јарец, посебна личност
Јарците, како што знаеме, се непоколебливи и не паѓаат на возбуди и романтика. Тие секогаш успеваат да ги постигнат своите цели. Ова лето е преполно со обврски и за овој хороскопски знак, но, можеби за прв пат од памтивек, дури и Јарците би можеле да ја изгубат својата моќ (и глава) пред љубовта и да копнеат да избегаат од сè поради една личност.

Водолија, внимавајте на „вторите шанси“
Водолиите, кога сакаат, тоа го прават интензивно и без двапати размислување. Како и кога ќе решат да стават крај на приказната. Ова лето, сепак, стар пламен би можел да затропа на вратата и да ги стави Водолиите во криза. Дали да му дадете една шанса или да продолжите понатаму кон нови авантури? Изборот ќе ве измачува цело лето…

Риби, време е да одлучите!
За родените во знакот Риби на повидок се многу задоволства, во секоја област. Единствениот „недостаток“ е што би можеле да го изгубите компасот. Ѕвездите советуваат да направите листа на приоритети, за да не ги пропуштите можностите во љубовта и на работа, занесени по споредни можности на секој чекор.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....