13.8 C
Скопје
14:08 - 18 декември, 2024

ЈУПИТЕР Е РЕТРОГРАДЕН, еве што ќе донесе на вашиот хороскопски знак

Ретроградниот Јупитер воглавно ви помага на работата на себе особено на одредени прашања кои вклучуваат успех, личен раст и развој.

Во ретроградно движење оваа планета ќе биде сè до 18 октомври.

Откријте како најдобро да се справите со овој чуден начин на движење на Јупитер. Ако сте:

Овен: Јупитер ќе ги забави вашите идеи и иницијативи, ќе ги одложи проектите особено на љубовен план – на пример, да живеете со некого, да се смирите со оние што ги сакате, со пријателите… Накратко, вашите проекти бараат пауза, затоа искористете го периодот за созревање на одлуките и идеите.

Бик: Ретроградното движење на големата планета (Јупитер) ќе ви олесни да изградите нови врски, или да „пораснете“ во одредени размислувања или ситуации. Ќе мора да научите да ги прифатите некои одложувања на распоредот, но тогаш ќе бидете наградени за вашето трпение!

Близнаци: Не бидете премногу бескомпромисни со некој што навистина нема јасни идеи, кој навистина не знае што сака… Забавете со барањата и поставувајте помалку прашања за да не создадете непотребна напнатост и во врската и во семејството и меѓу приателите.

Рак: Јупитер во овој период ќе ви создаде чувство дека вие имате помалку од другите (љубов, пари, можности..). Но треба да разберете дека ретроградното движење на Јупитер само ве тера да си ги преиспитате вашите можности и ви дава време да се соочите со грешките од минатото. Во мигот кога ќе почне да се свижи директно, тогаш и вие право ќе се пресретнете со среќата.

Лав: Мора да бидете повнимателни со зборовите, немојте да избрзувате! Дајте си време да ви „легнат“ мислите и лутината, и да расчистите со вашите интимни стравови. Не грижете се, дури и еден тврд и храбар човек како вас може да попушти, затоа немојте да ја „растете“ несигурноста во себе.

Девица: Ако секогаш блескате со логика и интелигенција, сега се чини дека немате премногу јасни идеи. Не лутете се, наместо тоа прифатете дека не секој точно знае што прави, каде да оди, кого да праша за совет.

Вага: Јупитер ве советува да бидете претпазливи кога пазарувате или купувате подарок, бидејќи во следните неколку месеци вашата тековна сметка може да биде загрозена. Бидете малку повнимателни дури и кога прифаќате задача, предизвик, односно не ја потценувајте тежината на работата.

Скорпија: Јупитер ќе ви донесе нова неизвесност што ќе ви влијае на расположението. Се што треба да направите е да го следите (побавниот) ритам на ѕвездите, давајќи си малку одмор. Искористете го периодот за релаксација пред бурата која ве очекува од ноември.

Стрелец: Јупитер ја претставува вашата енергија, а сега, со ретрогадното движење се чувствувате како беспотребно да ја расејувате енергијата. Немојте да правите работи за кои подоцна ќе жалите, не правете работи за кои не сте сигурни. Само за некое време (до крајот на октомври).

Јарец: Вие сте личност која е постојано фокусирана на вашите цели, проекти и реализација на нешто за што се грижите, што ви се допаѓа. Но, Јупитер сега ве советува да не бидете премногу амбициозни, да си дадете потребно време за да победите.

Водолија: Во овој период реалноста ја земате „здраво за готово“. А тоа е вина на Јупитер, кој со својот ретрограден од, ја забави и вашата сегашност, но не ја променува. Вашата средба со среќата е само одложена.

Риби: Вие сте едни од милениците на Јупитер кој секогаш е пријател со вас. Но, сега се соочувате со неизвесност која не може да се игнорира, затоа што треба да се занимавате со малите, секојдневи, монотони работи, одложувајќи ги големите соништа или неверојатните проекти што ги имате на ум за доцната есен.

 

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....