2.8 C
Скопје
17:23 - 22 декември, 2024

Хороскопска компатибилност на Девицата и Стрелецот: Драстично спротивните знаци, за изненадување, можат да станат совршен пар

љубов

Девицата и Стрелецот се таков пар за кој никогаш не би очекувале да функционираат заедно. Страсниот Огнен знак, Стрелец, наспроти рационалниот и аналитички Земјен знак, Девица, тие двајца всушност имаат карактеристики кои се дијаметрално спротивни, но – за изненадување- кои совршено се надополнуваат. Секако, Девицата и Стрелецот сепак ќе мора да попуштат на некои од нивните инстинкти за да овозможат компатибилноста на оваа двојка да функционира, но тие можат многу добро тоа да го направат!

Се чини дека Девицата и Стрелецот се едни од најнетипичните парови во зодијакот. Што може да имаат заедничко најслободниот знак во хороскопот и најаналитичниот знак? Всушност, овие два знака не само што имаат многу заедничко, туку и успеваат да направат отстапки за да функционираат совршено, користејќи ги различностите како начин да се надополнуваат и заедно да растат преку врската.

Секако дека има мали аспекти од нивните карактеристики кои треба да се измазнуваат за да се избегнат залудни кавги и непријатности, но теренот е супер плоден за искрена, интересна и многу функционална врска. Девицата, ако се согласи да се откаже од малата контрола, може да го смета за корисен непредвидливиот, забавен и глобален карактер на Стрелецот. Стрелецот, од друга страна, ако успее да се ослободи од само мал дел од својата супер независност, ќе смета дека е поволно да живее со рационална и прагматична Девица, подготвена да му даде одредена сигурност и стабилност.

И покрај овие мали недостатоци,  Девицата и Стрелецот имаат многу заеднички нешта, особено во однос на начинот на гледање на љубовната врска.

Колку се компатибилни?

Веќе спомнавме дека Девицата и Стрелецот, иако навидум дијаметрално спротивни, се многу компатибилни до степен да се надополнуваат еден со друг. Но, да тргнеме од заедничките точки кои ги прават многу близок пар од самиот почеток.

И знакот Девица и Стрелец се многу искрени и веруваат во чесноста како вредност, и со другите луѓе, а особено меѓусебе како пар.
Ако кај Девицата овој аспект има форма на прекумерна хипокритичност (многу често упатена кон себе), кај Стрелецот се претвора во негов директен и груб начин на зборување. Ова често ги става во тешкотии со другите, но не и едни со други, бидејќи Стрелецот длабоко ја разбира Девицата; Во меѓувреме, Девицата многу ја цени длабоката искреност на нејзиниот партнер Стрелец.

Друг елемент што им е заеднички, а тоа ќе изгледа апсурдно, е љубовта кон стабилноста. Се чини апсурдно за знак како Стрелец, додека за Девица е речиси задолжително. Вториот е многу рационален и цврст знак, исто како и земјата, бара партнер кој е сигурен во себе, стабилен, одлучувачки во изборот.
Стрелецот, како претставбик на Огнот, е самоуверен до степен на егоцентризам, но пред се сака стабилност во другите, бидејќи тоа му помага да стави ред во навидум неговиот хаотичен и бесмислен живот.
Овој елемент е полесен за Девицата, која во секој случај со задоволство ќе го всади кај Стрелецот кој, дури и никогаш да не го признае тоа, секогаш многу ќе ја цени идејата да има безбедносно сидро.

Пар кој се надополнува

Сепак, покрај овие заеднички точки, вистинската сила на врската помеѓу Девицата и Стрелецот лежи во меѓусебното комплетирање, особено кога ќе успеат да ја израмнат својата аголност за момент во корист на парот.

Стрелецот е дефинитивно послободниот и поавантуристички знак од двајцата. Навикнат да развива проекти по проекти, секогаш патувајќи сам со ранец за нови авантури, ќе мора да разбере дека мора повеќе да ја вклучува својата партнерка Девица, можеби и да ѝ дозволи да го прави она што најдобро го прави: да го организира неговиот проект, или неговото патување.

На овој начин, тој нема да мора да се откаже од својата „скитничка“ страна, туку може да го направи тоа во пар. Всушност, и двата знака поседуваат невообичаена љубопитност и тоа може многу да ги зближи.
За возврат, Девицата сигурно ќе си го направи животот поедноставен, попрецизен, но и подлабок, благодарение на неговата интроспективна интелигенција.

Девицата, пак, е знак со големи заблуди на контрола и хиперперфекционизам. Многу интелигентна и аналитичка, сепак, таа има тенденција да се губи себеси во себе, продолжувајќи да размислува и преиспитува што и како да направи подобро. Леснотијата, дури и експресивната, на Стрелецот може да ѝ помогне да се разведри, ако прифати малку да ја изгуби контролата и да го остави партнерот да се вмеша во нејзините палнови. За возврат, таа секогаш може да му обезбеди на Стрелецот вистинските алатки за да ги направи неговите проекти пореални и прагматични.

Можат ли да работат заедно?

Оваа способност да се надополнуваат е уште покорисна во интимноста и деловните односи.
Доколку Девицата и Стрелецот би биле и работни партнери, како и во љубовта, тие би работеле многу добро заедно: Стрелецот би можел да внесе храброст, креативност и амбиција, додека Девицата би го вметнала организациониот и планскиот дел, внимавајќи на економската компонента, каде што Стрелецот е прилично слаб.

Има ли страст во креветот?

Во интимноста тоа функционира горе-долу на ист начин, бидејќи Стрелецот има огромна и разиграна страст, додека Девицата има реактивна чувствителност која многу добро се надополнува со љубопитноста на Стрелецот. Во сексуалната сфера сето тоа може многу да помогне, бидејќи Девицата секогаш ќе биде подготвена да го следи љубопитниот и превезмлив Стрелец, кој исто така е заинтересиран за сè ново и сака новости да да доживее и под чаршавите…

И двата знака можат да бидат многу дарежливи, иако провокативниот и флертувачки став на Стрелецот може да ја вознемири интровертната Девица. Сепак, ниту еден од двата знака не е особено љубоморен или посесивен и тоа може само да помогне во врската во парот.

Има ли негативни страни врската?

Веќе сфативте до сега дека овој пар нема многу негативни страни. Всушност, токму поради тоа што тие се два навидум непомирливи знаци на зодијакот, Девицата и Стрелецот мора да бидат многу добри во затапување на најекстремните делови од нивните инстинкти за да функционираат.

Стрелците, во нивните најлоши моменти, можат да навредат или да искажат презир, неговиот експлозивен авантуристички моментум може да го доведе до жестоки дискусии во кои не размислува пред да проговори. Девицата, од друга страна, може да се стреми кон најапсолутна ригидност, како и кон задушувачка и насочувачка енергија. Овие негативни аспекти можат да доведат до кавги, во кои Стрелецот се вклучува активно, а Девицата целосно се затвора во себе.

Помеѓу двајцата, веројатно е дека Девицата го прави првиот чекор, под влијание на планетата Меркур (која се грижи за комуникацијата), но овој знак може да се најде поместен поради фактот што Стрелецот веќе заборавил за што разговарале. Ова не се случува затоа што е расеан, туку затоа што има тенденција лесно да дозволи работите да му се лизгаат од раце.

Очигледно ова се примери на Девица и Стрелец во нивните крајности и во нефункционална врска во пар. Двата хороскопски знаци секогаш ќе мора многу да комуницираат и да внимаваат да не дозволат нивните сомнежи и стравови да им пречат на инаку навистина исклучителна компатибилност ретјо карактеристична за еден пар.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....