8.8 C
Скопје
00:27 - 18 октомври, 2026

Вљубени до уши: Три хороскопски знаци ќе доживеат најубави романтични моменти во претстојната недела

Астролозите ги именуваа знаците на Зодијакот кој во текот на претстојната недела (од 22 до 28 мај) ќе бидат сосема нурнати во љубовта.

Токму поради љубовта животот ќе им добие нова и подлабока смисла.

Осамените ќе најдат сродни души, а оние кои веќе се во врска ќе работат на остварување на своите соништа.

Кои се љубовџиите на неделата, прочитајте во продолжение.

Бик

Биковите ќе бидат обземени од романтичниот дел од нивниот живот. Додека осамените претставници на овој знак ќе создадат нови познанства кои ќе ги возбудат и воодушеват, оние кои се во врска ќе фатат „нов бран“ од емоции, страст и задоволство, откривајќи непознати карактеристики и аспекти кај партнерот/ката. Добрите финансиски можности ќе им помогнат на многу Бикови да организираат интересен одмор за време на викендот, а комбинацијата од пријатни емоции и необични искуства ќе се паметат долго време.

Вага

Вагите ќе го насочат своето внимание кон сферата на љубовта, врските, романтиката, состаноците и новите познанства. Осамените Ваги ќе запознаат интересна личност која ќе ги освои од „прва“, и лесно ќе изградат врска која ќе изгледа дека датира од минатиот живот. За Вагите кои веќе се во стабилна врска или брак, не е исклучена појава на сериозен обожавател/ка на хоризонтот кој/а може да ви го замати умот, но внимавајте да не влезете во љубовен триаголник и во нешто посериозно од обичен флерт. Љубовта која ќе ја имате на претек ќе ве инспирира да се занимавате со креативност и уметност и одлично ќе ви оди од рака.

Риби

Рибите ќе имаат многу пријатна емотивна недела. Романтичната сфера особено ќе ги задоволи досега осамените претставници на овој воден знак: долгогодишните обожаватели кои претходно поради некоја причина исчезнаа од хоризонтот повторно ќе ви се вратат, но овојпат сигурни во тоа што го сакаат – вас! Рибите кои се веќе во врска ќе добијат огромно внимание од партнерот, па дури и решителни постапки. Можен е дури и предлог за брак.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....