13:36 - 7 април, 2026

РЕТРОГРАДНИОТ МЕРКУР ПРАВИ ХАОС ВО ЉУБОВТА: Овие три хороскопски знаци ќе ги преврти „на глава“ и ќе ги промени „од пети“

Еве кои од хороскопските знаци ќе доживеат големи љубовни изненадувања откако Меркур ќе тргне ретроградно на 14 јануари, а ќе биде ретрограден до 25.јануари.

Рак

Во 8-мата куќа на интимноста, ретроградниот  Меркур ќе ве турка кон најдлабоките емоции, од кои некои можеби сте ги криеле долго време. Сега излечете ги старите рани на вашето срце, оние за кои знаете дека биле скриени и потиснати, зашто доколку останат такви уште долго време нема да ви дозволат да го отворите своето срце за нова личност која сака да влезе во вашиот живот.

Лав

Ретроградниот Меркур ќе биде во вашата 7-ма куќа (на брак, на партнерства) и ќе се одрази на сите врски што ги имате – партнерски, љубовни, но и деловни и пријателски. Некои од нив ќе ги видите со други очи и ќе сфатите кога и со кого сте подготвени да направите компромис, а со кои пак, ќе заземете цврст став и ќе одбиете да отстапите од него. Ќе се изненадите, колку повеќе ќе кажувате „не“, толку ќе бидете поблиску до она што го сакате!

Вага

Ретроградниот Меркур ќе се движи низ вашата 5-та куќа, која е куќа на романтиката, а ќе влијае и на сликата што ја имате за себе. Конечно ќе знаете што сакате, што барате и што ви треба од вашата сакана личност, па затоа не е исклучено дека некои врски ќе завршат. Меркур сака спонтаност, носи изненадувања и откритија, а можно е да се шокирате кога ќе сфатите дека тој/таа воопшто не е за вас и само си го губите времето!

Слични објави

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.
Се вчитува....