3.8 C
Скопје
21:44 - 20 декември, 2024

Каков лажго сте вие? Хороскопот открива како лаже секој хороскопски знак!

Според доминантните особини на вашиот хороскопски знак, може да се заклучи и на кој начин лажете, колку тешко ви паѓа тоа или колку лесно посегнувате по невистината, без размислување. Па, каков лажго сте?

Овен

Не сметате на лажењето, бидејќи не ја гледате целта во тоа. Лагите обично се откриваат, а вие немате трпение за драмата која би настанала доколку бидете откриени. Но, кога сепак лажете, тогаш тоа го правите опуштено, бидејќи и не е нешто важно и големо.

Бик

Сакате работите да се одвиваат онака како што сте ги замислиле. Ако тоа значи дека треба да употребите мала, бела лага, за сè да оди како подмачкано, ќе го направите тоа без повлекување.

Близнаци

Лесно ви е да го држите туѓото внимание, бидејќи добро раскажувате приказни, а фантазијата ви е дива. Во состојба сте да измислите потполно сè, и сите да ви поверуваат. Толку сте добри во тоа, што на крај не е важно дали зборувате вистина или лага.

Рак

Верните и внимателни Ракови лажат кога е потребно да заштитат некого, од непотребните информации или од сопствените чувства. Кај вас лажењето произлегува од најдобри намери, но тоа не помага да се чувствувате добро, доколку се открие дека сте лажеле.

Лав

Како и Близнаците, така и Лавовите уживаат во вниманието од околината и кога нешто зборуваат, тоа започнува како вистина, а завршува како многу екстравагантна вистина. Вашите приказни се накитени и фантастични, доколку имате соодветна публика.

Девица

Што е можно повеќе, аналитичната Девица се држи до вистината. Кога смета дека е потребно да лаже, исто така разгледува дали тоа е вредно за напорот, а кога лагата им служи за некоја цел, тогаш најчесто самите ја признаваат и се извинуваат и барат прошка.

Вага

Најголемите дипломати во хороскопот, ќе се служат со вистината со полно убедување за најдобри резултати на сите, а нивните лаги се тешки за откривање, бидејќи ги користат тактички и мудро.

Скорпија

Склони кон манипулација, сомнителните Скорпии се мајстори во лажењето. Остроумни и интуитивни, ќе ја разгледаат ситуацијата од сите агли и ќе ја пронајдат совршената лага, која ќе им овозможи да ја постигнат целта.

Стрелец

Пријателството и отвореноста го водат Стрелецот низ сите односи, и тој навистина не сака да лаже и не се занимава со ситни прекривања и разубавување на вистината. Ако се најде во ситуација во која мора да лаже, тоа ќе биде само поради големи и важни работи, а цената на тие лаги исто така е голема.

Јарец

Јарецот навистина ја мрази лагата во каква било форма. Одбива да лаже и да учествува во туѓите лаги, а кога ќе се случи да процени дека е неопходно да излаже, тоа не трае долго. Како и Девицата, својата лага самите ќе ја признаат, со полна самокритичност.

Водолија

Вешти во раскажувањето на фантастични приказни, Водолиите ќе лажат многу креативно и занимливо. Нивен најголем предизвик е самите да не поверуваат во сопствените измислици.

Риби

Доста чувствителни, Рибите кон лагата се однесуваат слично како Раковите – не лажат, доколку не мораат да заштитат некого. А кога нивната лага ќе се открие, скоро е невозможно да им се налутите поради тоа.

Слични објави

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova

Хороскоп за 16 декември: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Еспресо

Хороскоп за 15 декември: Вагите ќе имаат среќа во љубовта

Еспресо
Се вчитува....