00:01 - 10 јануари, 2026

Хороскоп за петок 20 декември – Биковите ќе бидат наградени, Стрелците ги очекува нова љубов

Овен

На вас ќе ви бидат неопходни пари. Поради тоа ќе бидете под голем стрес. Нема потреба од грижи, разговарајте со партнерот за вашата финансиска ситуација. Оние кои се во брак или врска ќе имаат стабилен и плоден ден.

Бик

Во последниот период бевте многу вредни и буквално предадени на работата. Тој труд конечно ќе ви се исплати. Се ќе биде стабилно кај зафатените. Оние кои се слободни ќе запознаат личност која вистински ќе допре до нив.

Близнаци

Овој ден нема да бидат забележани промени на работен план. Вие вредни како и секогаш ќе ги извршите сите зададени задачи. Слободните треба паметно да го искористат овој ден и да се поврзат со личноста која одамна им се допаѓа.

Рак

Малку понапорен работен ден, затоа не седете и не размислувајте, туку фатете се за работа. Слободните ќе имаат шанса да запознаат многу привлечно лице, оние во врска или брак ќе имаат мали кавги.

Лав

Пред вас е успешен работен ден. Можен е некој јавен настап или пофалба како и награда за вашиот труд. Кога станува збор за љубовта, ситуацијата генерално е поволна. Некои ситници кои ќе предизвикаат кавга, лесно ќе ги надминете.

Девица

Работата во овој ден ќе биде под контрола, нема да имате зголемен број на обврски, па лесно ќе ги завршувате работните денови. Ќе бидете особено шармантни и друштвени, па така ќе привлечете голем број на додворувачи.

Вага

За да го постигнете она што сте го зацртале ќе морате прекувремено да останувате на работа, а бидејќи за напредокот ви претстои награда, направете го тоа. Внесете нова доза на романтика во вашата врска. Не се преоптеретувајте само со финансиите, дозволете си нешто слатко заедно со партнерот.

Шкорпија

Пред вас стои поволен работен ден без оглед дали работите сами за себе или за некој друг. Ќе постигнете успех. И во љубовта ситуацијата може да биде поволна доколку не се инаетите со партнерот. Не се однесувајте како дете, седнете и разговарајте.

Стрелец

Не сте задоволни со работата. Имате чувство дека сте презаситени, па само рутински ги обавувате задачите. Размислете да направите некаква промена. Слободните ќе имаат прилика да запознаат некого, а зафатените ќе бидат во хармонија.

Јарец

Подготвени сте да и се посветите на работата максимално и се останато да оставите на страна. Важно ќе ви биде да ги остварите вашите амбиции. Во љубовта ве очекува возбудлив ден.

Водолија

Сте сфатиле каква е состојбата на деловен план и сега знаете кои одлуки ќе ги донесете. Пред вас е предизвикувачки период. Во љубовта сакате да го задржите саканото лице покрај себе.

Риби

Вие сте многу добри во својата работа и тоа сите искрено ќе ви го кажат. Ќе бидете пример за вистински добар работник. Во љубовта слободните ќе ја обноват врската со некој од минатото.

Слични објави

Дневен хороскоп за 9 јануари: Размислете пред да донесете одлука

apostolova

Дневен хороскоп за 8 јануари: Ве очекува одличен ден

apostolova

Хороскоп за 07 јануари: Раковите ќе доживеат нова љубов, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 5 јануари: Близнаците добиваат јасен знак, Јарците си дозволуваат малку олеснување

Еспресо

Хороскоп за 4 јануари: Вагите прават важен избор, Рибите ја чувствуваат насоката без зборови

Еспресо

Дневен хороскоп за 3 јануари: Внимавајте на исхраната

apostolova
Се вчитува....