20.8 C
Скопје
11:10 - 29 април, 2024

Хороскоп за декември: Добри вести за Девиците, пари за Јарците, љубов за Рибите…

ОВЕН: СПОКОЈСТВО ВО ЉУБОВТА!
Драг Овен, декември ќе ви врати малку спокојство во љубовниот живот: ако во ноември требаше да ја издржите опозицијата на Венера, сега конечно планетата на љубовта ќе престане да ве попречува, за кон крајот на месецот повторно да се активирате во ваша корист. На работен план може да наидете на уште некои пречки до 23-ти декември поради неповолниот транзит на планетата Меркур… Марс ви дава борбеност и енергија.

БИК: ВЕНЕРА ВО ОПОЗИЦИЈА
За жал, месец декември ќе биде малку тежок од гледна точка на чувствата: помеѓу 4-ти и 29-ти ден, планетата Венера ќе биде во опозиција на вашиот знак и нема да недостасуваат тензии и дискусии со партнерот, кои за некои би можеле да доведат до вистинска криза… За среќа работната средина ќе се погрижи да ви пружи големо задоволство: поволниот Меркур и Јупитер ќе ви гарантираат успех!

БЛИЗНАЦИ: ЗАМОРЕН МЕСЕЦ
Драги Близнаци, месец декември дефинитивно ќе биде заморен. Марс во опозиција, до кој ќе дојде планетата Меркур во последниот дел од месецот, ќе направи да доживеете моменти на стрес, особено на работното место. Понатаму, неповолниот Сатурн бара од вас да преиспитате некои важни работи но и да прекинете некои односи во кои можеби повеќе не се чувствувате удобно како порано… Љубовта ќе биде на послено место, но внимавајте ништо да не земате здраво за готово!

РАК: МЕРКУР ВО ОПОЗИЦИЈА
Месец декември ви носи уште некои грижи, особено во делот на работата. Планетата Меркур, всушност, ќе биде во опозиција со вашиот знак до 23-ти и може да се појават некои неочекувани пречки на вашиот деловен пат… Подобро ќе биде од гледна точка на чувствата: почнувајќи од 4-ти, планетата Венера ќе се врати повторно да ви се насмевне, спремна да ви ја подари онаа ведрина што ја немавте во месец ноември.

ЛАВ: ЉУБОВНИ ПРОБЛЕМИ
Драг Лав, за жал, месец декември ветува дека ќе биде прилично напнат од гледна точка на чувствата: помеѓу 4-тиот и 20-тиот ден, Венера ќе направи неповолен транзит, што може да донесе дискусии и кавги во вашето семејство, воопшто во љубовниот живот, па дури и разделби. Издржете, зашто последните десет дена од месецот, сепак, полесно ќе се разберете со партнерот. Последната недела од декември ќе донесе и добри вести на работа.

ДЕВИЦА: ДОБРА ВЕСТ!
Драга Девица, месецот декември ќе биде поинтересен од оној што му претходеше: и Венера и Меркур, всушност, повторно ќе ви се насмевнат, носејќи ви добри вести и во емотивната и во професионалната сфера. Нема да недостасуваат добри можности, особено во првиот дел од месецот: Јупитер ќе ви помогне да ги реализирате вашите проекти. Сепак, планирајте малку дополнителен замор поради неповолниот транзит на Марс…

ВАГА: МАРС ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС!
Драги Ваги, вашиот месец декември ќе донесе уште неколку мали компликации на работното место. До 23-ти декември планетата Меркур ќе прави неповолен транзит кон вашиот знак, што може да донесе недоразбирања во канцеларија или одредено забавување на вашите планови. За среќа, на ваша страна ќе го имате Марс полн со енергија, кој ќе ви гарантира сила да се соочите со какви било непријатности! Венера повторно станува активна во ваша корист на крајот на месецот.

СКОРПИЈА: МЕСЕЦ НА ЉУБОВ!
Драга Шкорпија, декември ќе биде месец на љубовта за вашиот знак! Венера ќе биде со вас почнувајќи од четвртиот ден, подготвена да ви донесе недели полни со страст. За слободните конечно би можело да пристигне вистинската личност. Добри вести и на работа, благодарение на наклонетоста на Меркур. Јупитер во опозиција, сепак, носи некои забавувања во вашите проекти… за успехот што го заслужувате, ќе треба да почекате!

СТРЕЛЕЦ: КАКВА ЕНЕРГИЈА!
Драг Стрелец, месец декември – со Сонцето и Марс во вашиот знак – ќе ви даде убава енергија! Нема да недостигаат интересни можности и средби, особено во последниот дел од месецот, кога планетата Меркур и планетата Венера ќе бидат во конјукција. Слободните би можеле да запознаат некоја посебна личност, со кој/а потоа ќе успеат да изградат значајна врска во јануари. Добри вести на работа!

ЈАРЕЦ: ОДЛИЧНО!
Декември ќе биде дефинитивно интересен месец за вашиот знак: почнувајќи од 1-виот ден, всушност, планетата Меркур ќе биде подготвена да ви донесе некои прекрасни вести, особено поврзани со полето на работа! Дури и во љубовта, мирот се враќа: откако ве натера да доживеете прилично напнат месец ноември, планетата Венера е подготвена да ви возврати и да ви донесе денови полни со страст!

ВОДОЛИЈА: ВЕНЕРА НЕПОВОЛНА
Драга Водолија, во месец декември планетата Венера ќе направи неповолен транзит кон вашиот знак, што може да донесе уште некои грижи на емотивниот фронт… Почнувајќи од 29-ти, пак, Венера повторно ќе се врати да делува во ваша корист: затоа не правете избрзани одлуки и одвојте време што е поребно за да го разберете и да комуницирате со партнерот. На работен план, некои добри вести би можеле да пристигнат во последниот дел од месецот.

РИБИ: ПОВОЛНИ ТРАНЗИТИ!
Драги Риби, декември се отвора со два поволни транзита за вашиот знак, оние на планетата Венера и планетата Меркур, кои ќе ви обезбедат месец полн со големи задоволства и на професионален и на сентиментален план. Почнувајќи од 23-ти, пак, Меркур ќе ви го заврти грбот: ако треба да дадете предлог или да склучите договор, обидете се да го направите тоа пред тој датум! Малку повеќе замор ќе ви донесе Марс во неповолна позиција.

Неделен хороскоп ( 27 ноември до 3 декември): Среќни средби за Биковите, добри вести за Лавовите, љубов за Вагите…

Слични објави

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо
Се вчитува....