16.8 C
Скопје
02:54 - 27 јули, 2024

Ведрана Рудан му пиша на сопругот: „Смрдеата на полнети пиперки сега живее на друго место“

ведрана рудан

Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан ја објави својата нова колумна која секако предизвика лавина коментари.

Денес е нашата триесетта годишнина од брак. Немам Инстаграм, не сум на Фејсбук, не можам да ти ги опишам моите чувства на модерен начин. Да бев жена на оваа денешница, ќе ти пишев „Љубов, ти отсекогаш беше мојата карпа“. Па ќе додадев ѕвездички и срца. Карпа? Што значи тоа? Еднаш се качував по карпи и си ја скршив ногата. Каква е*ена карпа?

Или, љубов, секогаш беше светло на крајот на тунелот. Какво с*ање. Никогаш нашиот брак не сум го доживувала како тунел, а уште помалку тебе како светилник кој ми го покажува патот….

Сепак, од жена која со маж провела 30 години, се очекува некако да го дефинира. Јас тебе те доживувам како човек кој сака полнети пиперки. Тоа нашиот брак, злато, го обележа посилно отколку триесетгодишното тркалање во некакви кревети. Секогаш водеше љубов, кој кретенски израз, зошто луѓето е*ењето го викаат водење љубов, во кревет. Поради рбетот, поради воспаление на бубрег, не поднесуваше жештини, студ, магла, влага, ветар, дожд, ни вецињата на домаќините каде што славевме многубројни дочеци на Нови години.

Затоа, кога на денешен ден ќе погледнам наназад, пред очи ми е огромното тенџере со полнети пиперки, а не твојот к*р.

Пред малку ми се јави Кика. „Како си?” „Супер“. „Го видов. Беше со една кучка, малиот беше во количка. Многу убаво дете. Не личи ни на неа ни на него. Се прашувам чие е тоа дете?” „Татково“, реков и се насмеавме.

Се сеќавам на нашата свадба и на мојата бела венчаница и дека имав тенок струк иако бев трет месец бремена. Требаше да носам нешто старо, нешто ново и нешто сино. Носев стари балетанки, зашто ако облечев штикли ќе бев за глава повисока од тебе. Кога ќе сфатиш дека не си висок 180 см туку 171? Венчаницата ми беше нова. Заборавив на „нешто сино“, е*ате. Затоа си замина со онаа крава помлада од нас 50 години?

Кика ме праша дали тоа го забележав? Не. Која нормална жена го гледа својот маж после 30 години брак? Но кога денес ќе погледнам наназад, сепак видов промена во твоето однесување. Ти кој со години поради воспаление на простатата навлекуваше подгаќи уште од крајот на август, пред година или две, не можам да се сетам, почна своите тенки нозе да ги вовлекуваш во „келвин клајн“. Дали ми заѕвоне ѕвоно за узбуна? Ку*чевото ѕвоно не се огласи.

Јас бев среќна. Не е пријатно да гледаш стар маж во дебели волнени хулахопки. Изгледаше како *бен, зиморлив, бремен балетан. А кога ми кажа дека не морам да готват супа од јазик за твојата мајка, и тогаш бев среќна. А кога ми кажа дека одиш две недели на деловно патување ама не знаеше во кој хотел ќе престојуваш, и тогаш бев среќна.

Ми се јави твојот адвокат. „Госпоѓо вразумете се. После 30 години брак имотот се дели напола. Вашиот сопруг е адвокат, експерт за меѓународно трговско право, а вие пишувате книги. Неговата сатница е илјада евра, а вашите хонорари…“ На дркаџијата некој му ја кажал вистината за хрватските издавачки лопови. „Не смеевте тоа да го направите…“

Го откачив. Сакав да му кажам, од*јеби стар прдежу, тој е твој врсник, има шеесет и девет. Не реков. Денес се се снима, „поради подобрување на нашите услуги“. Не сакав на суд да ми мавта со транскриптот па потоа продадената судијка да ме прогласи за неврамнотежена.

Твојот адвокат рече дека си попи*дел. Ти да попи*диш? Што требаше да направам? Да паднам без борба? Куќата е запишана на мое име, излезе од неа, оплоди, барем ти така мислиш, речиси малолетна кобила, а јас требаше да се смешкам и да ти дадам половина куќа? Куќата ја „подарив“ на синот, сега карај се на суд со синот. Битката ќе трае 20 години зашто и јас коњ за трка имам. Заштедив нешто пари во овие 30 години. Ти ќе потплатуваш судии и судијки, ќе ги потплатувам и јас. Отекогаш беше циција, па правдата ќе биде на моја страна.

Вчера ми се јави твојата стара. „Ми недостигаат твоите супи од јазик“. Го ставив јазичиштето во студена вода и ѝ однесов супа. Не е таа вновна за ништо.

И така јас сега седам во нашата огромна дневна соба, следам во морето и фрлам шише Chateau Margaux.

Твојот адвокат би рекол дека половина шише ти припаѓа тебе. Кој те *бе, драг мој, ќе најдам друго шише. На гробот на нашата љубов вечерва ќе положам четири илјади евра во течна состојба.

И само уште ова. Прекрасно е чувството да се биде сама во огромна куќа на морско крајбрежје додека смрдеата на полнети пиперки живее на некое друго место.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....