05:20 - 1 февруари, 2026

Хороскоп за 28 јули: Стрелците ќе добијат понуда за брак, Водолиите ќе уживаат во страста

Овен

Сакате да промените многу во својот живот. Ако градите кариера, можете да очекувате успех во секој вид на дејност. Ве очекува авантура со воден знак и со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие.

Бик

Важно е правилно да се разбирате со соработниците и да ги испочитувате основните правила во деловната соработка. Немојте да бидете ситничари. Дозволете му на партнерот да прави што сака.

Близнаци

Позитивно сте расположени. Обидете се тоа да го пренесете на работа. Нема причина за лажна скромност. Партнерот ќе ве изненади со некои негови потези, позитивно, се разбира.

Рак 

Вашите соработници и пријатели имаат добри намери, па така викендов ве очекуваат позитивни случувања. Во љубовта не се двоумете за личноста која ви упатува емотивни сигнали.

Лав

Викендов нема да ви се допаѓа атмосферата генерално на сите полиња, па ќе бидете незадоволни и ќе се жалите за многу нешта. Во љубовта ситуацијата е неповолна, преземете нешто.

Девица 

Немате доверба во соработниците. Ве советуваме да не ги откривате своите планови. Ве нервира однесувањето на партнерот. Не ви одговараат неговите постојани изговори.

Вага

Посветете им внимание на приоритетните обврски и дозволете си малку одмор. Во љубовниот живот лесно го губите интересот за партнерот. Емотивното затишје ќе ви го промени мислењето.

Скорпија 

Што се однесува до работата, вие сте многу задоволни. Викендот е одличен за разговор со партнерот. Доколку нешто ве мачи, сега треба отворено да го кажете тоа.

Стрелец 

Ве очекува голем напредок, зголемување на платата или унапредување на работа. Во љубовта пронајдете начин да го зајакнете односот со партнерот. Оние кои се во подолги врски ги очекува понуда за брак.

Јарец 

Викендов ќе биде одличен на сите полиња, ќе се справите со обврските. Во љубовта, саканото лице ќе ве изненади со некој предлог. Ќе бидете позитивно изненадени.

Водолија 

Можете да очекувате големо подобрување на полето на финансиите, како и можност да напредувате ако се занимавате со приватна работа. Ситуацијата во вашата врска е повеќе од добра. Страста е насекаде распостелена.

Риби

Викендов ќе ви биде лефтерен, без многу обврски и задачи. Ќе уживате и ќе се одморате. Во љубовта, ситуацијата е на највисоко можно ниво. Нема што повеќе да барате.

Слични објави

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо
Се вчитува....