18:39 - 24 април, 2026

Хороскоп за 29 мај: Биковите ќе потрошат повеќе пари, Лавовите ќе се трудат околу саканата личност

Овен

Денес би бил вистинскиот момент да се опуштите и растоварите и да ги оставите сите проблеми зад себе. И самите чувствувате дека сте малку енергетски исцрпени и најдобро би било да се опоравите и одморите во контакт со луѓе кои ви се драги и важни.

Бик

Потребно ви е да се опуштите и да го тргнете мислите. Одличен ден за средба со пријателите, за опкруженост со семејството и саканите. Единственото нешто на што треба да обрнете внимание е можноста да потрошите повеќе пари.

Близнаци

Најмногу ќе бидете фокусирани на семејни настани или собири. Доколку се чувствувате изморено и исцрпено, бидете свесни дека тоа е минливо и дека вториот дел од денот е веќе порастоварен и поопуштен. Ќе уживате со саканите луѓе.

Рак

Доколку денес сте во можност да патувате – бидете сигурни дека добро ќе се забавувате, ќе се опуштите и ќе се ослободите. Ако не можете да го направите тоа – посетете ги луѓето што ги сакате и наполнете се со позитивна енергија. Потребно ви е да се одморите.

Лав

Потребата да промените нешто во вашите најблиски емотивни врски е голема и можно е многу да се трудите да ѝ угодите на саканата личност. Проблемот е во тоа што таа е недоверлива и тешко ви дозволува да ѝ се приближите.

Девица

Сакате да остварите комуниции со некој што ве привлекува. На моменти имате чувство дека другата страна малку си поигрува со вас, но тоа само ви дава дополнителна упорност за да ја освоите. Вашите напори ќе бидат наградени, не се откажувајте.

Вага

Некој очекува од вас да го исполните она што сте го ветиле, но вие склучивте други договори и се преправате дека не се сеќавате дека сте кажале ништо. Немојте да се изненадите ако другата страна ви се налути. Вие сакате да се опуштите и да се забавувате.

Скорпија

Единственото нешто што навистина сакате е да бидете со вашата сакана личност и да се посветите на неа. Подготвени сте да ѝ приредите неколку незаборавни моменти. Ако сте сами – тргнете во освојување на личноста која ви се допаѓа, бидејќи тешко ќе може да ви одолее.

Стрелец

Семејниот сегмент е нагласен и најголем дел од времето ќе го поминувате со оние кои ви се најблиски и најмили. Ако сте направиле други договори, ќе имате проблем да се вклопите. Евентуално вечерта ќе биде отворена за вашите лични планови.

Јарец

За вас најдобро би било да поминете време со луѓе кои ви се блиски. Енергијата ви е во опаѓање и треба да се одморите, а многу ќе уживате и во прошетка во природа. Не размислувајте за напорни и оптоварувачки теми.

Водолија

Денеска решивте да поминете време со саканите. Потребно ви е да бидете опкружени со саканите луѓето, бидејќи тоа ви ја крева енергијата и расположението. Пред вас е одличен ден, кога сте во движење и опкружени со саканите луѓе.

Риби

Не знаете дали ќе бидете на едната страна, на другата или на петтата страна. Додека размислувате каде прво да одите, времето лета и можно е да пропуштите добар дел од денот. Наместо да се стресувате и оптоварувате, оставете ги ситуациите да ве водат сами од себе.

 

Слични објави

(Фото) Софија Милошевиќ ги засени сите на премиерата на „Ѓаволот носи Прада 2“ во Белград: Се појави во костум од 6.000 евра, што го носеше и Хејли Бибер

Еспресо

Префинет стил за секоја пригода – пронајдете го совршениот пар чевли во Chantel

Еспресо

(Фото) Џенифер Лопез и Шерон Стоун ги носеа нејзините фустани, а сега должи 27.840 евра: Мелина Џиновиќ го затвори бутикот

Еспресо

(Видео) Го загуби сопругот на 21 година, две години откако се земаа: Потресна исповед на пејачката Јулија

Еспресо

Поранешна мис од Мексико е пронајдена мртва – била убиена од свекрва ѝ?

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ не личи на себе! Пејачката направи драстична промена во изгледот, никој не очекуваше таков чекор

Еспресо
Се вчитува....