4.8 C
Скопје
03:15 - 21 февруари, 2026

Хороскоп за 24 февруари: Тежок ден за Биковите, пресврт за Девиците, а за вас?

Овен

Денеска сте полни со енергија и би било добро да го искористите тоа за да ги остварите своите цели и работи кои долго време ги планирате. Не плашете се да ризикувате и да дејствувате надвор од вообичаените рамки. Љубовниот живот е без промени. Што се однесува до здравјето, страдате од главоболки.

Бик

Денот ќе ви биде доста тежок, но не очајувајте. Обидете се да се фокусирате на вашите цели и не дозволувајте ситниците да ви го одвлечат вниманието. Подгответе се некои луѓе да се обидат да ве спречат денеска. Емотивниот партнер ви е голема поддршка, послушајте ги неговите совети. Здравјето е добро.

Близнаци

Се чувствувате самоуверено, искористете го тоа за да направите нешто што навистина ве интересира. Не заборавајте на вашите сакани и пријатели. На партнерот му недостасува вашето внимание. Желудникот ви е чувствителен, но тоа може да биде и на нервна база.

Рак

Се соочувате со тешкотии, но се ќе успеете да надминете благодарение на вашата упорност. Немојте да се откажувате и ќе ги постигнете своите цели. Можно ново познанство кое подоцна ќе прерасне во емотивна врска. Преморени сте, време е да се посветите на себе.

Лав

Денот ќе биде доста стресен за вас, но ќе се носите со сите задачи благодарение на својот талент и способноста за тимска работа. Не заборавајте да се одморите и да се грижите за вашето здравје денеска. Вечерта посветете ја на емотивниот партнер.

Девица

Можете да постигнете голем успех на работа. Не плашете се од нови задачи и предизвици. Вашите напори ќе бидат ценети. Во љубовниот живот доаѓа пресврт на подобро. Здравјето стабилно.

Вага

Може да се соочите со конфликти и несогласувања, но обидете се да не земате сè при срце. Бидете трпеливи и правете сè со разбирање. Избегнувајте расправии со саканите. Напнатоста влијае на спиењето, можеби и несоница.

Скорпија

Добивате многу корисни информации кои ќе ви помогнат во иднина. Слободно поставувајте прашања, ќе добиете многу одговори и ќе решите некои работи за кои мислевте дека ќе биде тешко да се средат. Ако сте во врска или во брак, уживате во времето што го поминувате со саканата личност. Болки во мускулите.

Стрелец

Добивате ненадеен налет на енергија и инспирација, затоа искористете го за да ги остварите своите соништа и планови. Бидете отворени за нови можности. Поминете ја вечерта во друштво, можеби таму се крие и личноста која ќе ви го привлече вниманието како емотивен партнер. Здравјето е одлично.

Јарец

Се соочувате со пречки, но не очајувајте. Користете го вашето искуство и знаење за да ги надминете тешкотиите. Не држете лутина на вашата сакана личност за секој збор што ќе го каже, спуштете ја малку топката. Чувајте се од повреди.

Водолија

Не плашете се да експериментирате и да пробувате нови работи – ве очекува успех. Вашата интуиција ќе ви помогне да донесете правилни одлуки. Љубовта ставена на тест на зрелоста. Здравјето е добро.

Риби

Се чувствувате несигурно и немирно. Обидете се да не паничите и да не донесувате избрзани одлуки. Побарајте помош од вашите најблиски. Внимавајте на вашето здравје.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....