13:37 - 26 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Карлеуша се присети на својата покојна баба Дивна: „Ми недостига…“

Ника Тошиќ, ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, секојдневно на социјалните мрежи споделува моменти од приватниот живот, а своите следбеници ги воодушеви со својата најнова трогателна објава.

Имено, помладата ќерка на Карлеуша се присети на својата покојна баба Дивна и заедно со низата заеднички фотографии напиша емотивна порака:

– Ми недостига кога бев мало дете, кога ја имав баба ми покрај мене и кога не знаев каков е овој свет – напиша Ника.

Дивна секако беше и остана најпозната како мајка на Јелена Карлеуша, со што се гордееше, но тоа секако не беше единственото нешто што можеше да се каже за неа.

Дивна беше истакната српска водителка и радио новинарка, позната по нејзината работа во Радио Белград.

Покрај работата на радио, Дивна има учествувано во неколку реални шоуа, меѓу кои „ВИП Големиот брат“ во 2010 година, „Фарма“ во 2013 година и „Парови“ во 2015 година. Таа беше дел и од емисијата „Дебела академија“, каде со помош на стручњаци се обиде да ослабе.

Дивна Карлеуша почина на 3 март 2019 година во Белград, по тригодишна борба со ракот на белите дробови.

Слични објави

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova
Се вчитува....