16:10 - 5 декември, 2025

Хороскоп за 15 април: Близнаци, личноста на која ѝ се додворувате конечно ќе ја освоите!

Овен

Работа: Недоразбирањата и конфликтните ситуации на работа можат да бидат главна тема на денот. Денеска не ви се советува да влегувате во ризични инвестиции.
Љубов: Бидете внимателни кога комуницирате со партнерот, бидејќи и двајцата ќе реагирате импулсивно и на најмалите ситници.
Здравје: Потребна ви е масажа, медитација, одмор на некое осамено место.

Бик

Работа: Денешниот деловен состанок може да биде бурен, во атмосфера на спротивставени ставови. Употребете максимална дипломатија.
Љубов: Случајната средба со поранешната љубов може да ви донесе обновувавање на врската. Сепак, можна е дилема.
Здравје: Чувствителност на грлото.

Близнаци

Работа: Бидете внимателни со новите деловни соработки, бидејќи работите можеби не се како што изгледаат на прв поглед. Неочекувани трошоци.
Љубов: Личноста на која ѝ се додворувате долго време конечно ќе реагира на начин на кој веќе долго го посакувате.
Здравје: Преморени сте.

Рак

Работа: Многу е важно денеска сè да правите во склад со претходно зацртаниот план. Во спротивно, нема да можете да ги завршите работите во зададениот рок.
Љубов: Слободните Ракови можат да започнат нова врска и да се предадат на магијата на љубовта. Скорпиите се особено фатални за вас.
Здравје: Раздразливост.

Лав

Работа: Овој ден може да ви донесе многу успешна деловна средба со странски соработник. Можно е неочекувано патување.
Љубов: Денот може да биде обележан со љубоморни сцени. Атмосферата е вжештена и бара итно решение.
Здравје: Тахикардија. Дали сте раздразливи, нервозни, се последиците од проблемите со срцето.

Девица

Работа: На овој ден вашите иновативни идеи ќе дојдат до израз, а ќе следат позитивни реакции и од страна на вашите претпоставени.
Љубов: Девиците кои се во брак денеска ќе се посветат на планирање на заедничко патување. Следува усогласување на односите.
Здравје: Дигестивни нарушувања.

Вага

Работа: Финансиската состојба станува сè подобра. Невработените Ваги денеска можат да имаат многу важно интервју за работа.
Љубов: Партнерот се однесува недоследно и веќе не сте сигурни во неговите чувства кон вас. Зборувајте за тоа отворено.
Здравје: Главоболка, како последица на силна настинка.

Скорпија

Работа: Новите елементи на работа се состојат во проширување на кругот на вашите должности, како и на новите работни методи кои ќе бараат адаптација.
Љубов: Чувствата ви се поинтензивни, па можни се бурни изливи на страст. Партнерот ќе биде изненаден, бидејќи не ја покажувате често таа ваша страна.
Здравје: Бидете опуштени, уживајте во убавиот ден.

Стрелец

Работа: Атмосферата на работа може да биде напната поради манипулации или сплетки. Максимално дистанцирајте се од сè и сочувајте ја присебноста.
Љубов: Љубовта ве очекува на патувања или со личност која ја познавате преку пријател.
Здравје: Префрлете се на поумерена исхрана, елиминирајте го лебот, пекарските производи. Не му годат на вашиот желудник.

Јарец

Работа: Денешниот стелиум во вашиот знак носи нестабилна ситуација во преговорите, но и на финансиски план.
Љубов: Атмосферата на недоверба помеѓу вас и партнерот може да кулминира денес. Ситуацијата бара итно решение.
Здравје: Болка во вратот, вкочанетост.

Водолија
Работа: Непредвидени пречки и застој во исплатата на парите се главниот предизвик на овој ден. Проблемот ќе можете да го решите само тимски.
Љубов: Голема е можноста да влезете во тајна врска со личност која ја запознавате преку работата.
Здравје: Варирање на крвниот притисок.

Риби

Работа: Успехот ви доаѓа преку креативност и иновативни идеи. Па сепак, чувајте ги вашите деловни тајни дури и од вашите најдобри пријатели.
Љубов: Овој датум може да ви донесе судбоносно познанство. Ова може да биде денот на почетокот на големата љубов.
Здравје: Движете се повеќе.

 

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....