4.8 C
Скопје
17:05 - 25 ноември, 2024

ХОРОСКОП: Како ги убивате романтичните врски и како да престанете да го правите тоа

пар

Кога станува збор за романтични врски хороскопските знаци прават одредени грешки кои ги загрозовуваат односите на партнерот. Нивното однесување е поделено во неколку категории:

Прва категорија: „Не се грижи. Ќе средам јас.“

Овен и Јарец

Во оваа категорија се знаците кои кога започнуваат врска прават сè за личноста со која се, а потоа во истиот тој однос се жалат дека прават сè во врската.  Овните и Јарците се иницијатори и ориентирани кон акција така што им е природно кога се заљубени да преземат иницијатива кога станува збор за поставување и планирање на работите. Со тек на време почнуваат да негодуваат поради многуте одговорности. Решение за тој проблем тоа е да се создадете и одржувате балансирана врска базирана на еднаква размена и тој стандард треба да го поставите од почетокот.

ВЕСТА ВО СКОРПИЈА: Овие знаци ќе ги погоди љубовната стрела на Купидон

Втора категорија: „Не можам да се ослободам“

Девица и Вага

Овие хороскопски знаци остануваат во врска која не функционира, премногу долго. Го прават ова од различни причини. Девица секогаш сака да даде сè од себе и се плаши од идејата за неуспех и за неа лоша врска е токму тоа. Вагите толку многу избегнуваат конфликт што едноставно може да одложуваат раскинување со години, за да не се најдат во таква ситуација. Кога вашите потреби не се задоволени во некоја врска, не треба да останете таму од лојалност. Сакајте се прво себе и не трошете скапоцено време.

ЕДНОСТАВНО, НЕ МОЖЕТЕ ДА ИМ ОДОЛЕТЕ: Најсексипилните знаци во зодијакот

Трета категорија: „На меден месец сум“

Близнаци, Лав, Скорпија и Стрелец

Овие знаци се засопнуваат во тоа колку е убава, возбудлива и полна со страст конекцијата на почетокот и веднаш нурнуваат во врска без вистински да ја запознаат личноста, и кога илузијата на медениот месец ќе отапи, за нив останува странец покрај нив. Најважно за вас е да не ја базирате целосната романтична врска на хемијата што ја имате другата личност, туку да ги запознаете подлабоко и да ги видите како се однесуваат во вистинскиот свет.

Еклипса во знакот на Бик: Моќната месечинa од 19-ти ноември ќе влијае врз секој хороскопски знак

Четврта категорија: „Животот е романтична комедија“

Бик и Рак

Овие знаци очекуваат нивниот партнер да знае секогаш што им е, затоа што ги сака. Тие оперираат со мислата дека ако некој ги сака, ќе прави работи за нив без проблем. Раковите во врска се фокусирани на чувствата на партнерот, а Биковите постојано сакаат да му создадат удобност на романтичниот интерес. Важно за нив е да сфатат дека некој може да ве сака со цело срце и нема да знае инстинктивно што ви треба за да бидете среќни и да се чувствувате сакани. Ако вашиот љубовен јазик и нивниот не се совпаѓаат целосно, не значи дека не постои. Научете се да комуницирате.

ЉУБОВНА МАГИЈА: Како да ги освоите и да им бидете совршен партнер на секој од хороскопските знаци

Петта категорија: „Лути спасители“

Водолија и Риби

Овие знаци ги привлекуваат партнери во кои треба да инвестираат. Сакаат да му помогнат на некој да стане најдобрата верзија од себе, но додека трае тој процес не зборуваат за тоа колку направиле за другиот човек и постепено им замеруваат сè повеќе и повеќе. Многу е важно од почетокот на врската да поставите рамнотежа. За било која релација да цвета и напредува мора да биде еднаква. Важно е да се грижите за своите потреби како што се грижите за партнерот. Ваша работа е да побарате што ви треба.

Најголемите опсесии на хороскопските знаци: Девицата сака совршен ред, а Вагата рамнотежа

Слични објави

(Видео) Луна Ѓогани ги засени сите на модната писта: Сакав да бидам манекенка, но животот ме однесе на друго место

Еспресо

(Видео) Џипот летал 2 метра! Српска инфлуенсерка доживеа страшна сообраќајка на автопат

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од парфемот на Карлеуша: Името е особено симболично

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Осиек и му се обрати на момче од публиката: „Дали си приморан да го правиш ова?!“

Еспресо

Конечно без кафеански маси и стомачен танц! Карлеуша се огласи за концертот на Тања Савиќ, колегите од „Гранд“ сè уште молчат

Еспресо

(Видео) Ќе ви разбуди носталгија: Елвир Мекиќ сними нова песна со Пајак и се врати на македонската сцена!

Еспресо
Се вчитува....