3.8 C
Скопје
23:44 - 26 октомври, 2026

(ВИДЕО) ВИСТИНСКА ГРЕШКА ИЛИ ИСЦЕНИРАН СКЕЧ: Водителка стана вирален хит по „збунка“ од својот соговорник

Водителката на „FOX“, Лора Инграхам, стана вирален хит на „Reddit“ и „Twitter“, откако навидум се збуни за време на емисијата во живо од зборовите на гостинот Рејмонд Арој, кој зборуваше за „будноста“ во Холивуд, а притоа ја спомна и мега популарната серија „You“ – „Tи“ во продукција на „Netflix“.

Рејмонд Арој зборуваше за родителите кои одбиле да го вакцинираат своето дете против сипаници, што го потсетило на сцена од споменатата серија.

–Гледав една епизода од „You“ каде се појавија сипаници“, рече Аројо.

Инграхам тогаш збунето одговори: –Чекај, чекај, чекај, кога спомнав сипаници?.

–Не знам, беше на „You“, рече Аројо.

–Чекај, што ми беше мене? За што зборуваш, никогаш не сум имала сипаници, повторно праша таа.

–Тоа беше епизода од серија наречена „You“, на „Netflix“, вели Аројо, глумејќи загриженост.

–Има серија на „Netflix“ наречена Лора Инграхам?, одговара Инграхам.

Нејзината реакција предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а некои почнаа да дискутираат дали навистина станува збор грешка или е исценирана шега.

-Ова е една од најсмешните работи што сум ги видел на ТВ во живо. Дел од мене одбива да верува дека ова е вистината, пишува еден корисник.

–Искрено, се чини дека сè е одглумено, додава друг.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....