3.8 C
Скопје
01:01 - 21 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 СЕПТЕМВРИ: Не ја избегнувајте вистината

хороскоп

Овен

Ќе направите многу за вашата љубов ако поминете извесно време разговарајќи со саканата личност. Не двоумете се да ги споделите вашите најскриени желби и тајни. Секако, направете го ова само ако сте сигурни дека нема да ги повредите чувствата на другиот. Би можеле добро да се забавувате и да се зближите на овој начин.

Бик

Планетарните аспекти го фаворизираат разговорот на темата заедничка иднина. Ако имате партнер покрај себе кој ви одговара целосно, кој е подготвен за компромис и на кого сте горди, нема причина да не се одлучите на овој чекор. Разговарајте за ова и сослушајте го партнерот што има да ви каже.

Близнаци

Премногу сте посветени на вашата кариера и поради тоа приватниот живот многу ви страда. Партнерот не може никако да допре до вас. Сега веќе не сте во нималку пријатна ситуација, бидејќи неговото трпение е при крај. За ова да не ве чини скапо, вечерва подгответе му романтична вечера во вашиот дом.

Рак

Овој ден е погоден за решавање на љубовни проблеми. Ако, благодарение на сопствената непромисленост, се најдете во непријатна ситуација, не би било пожелно да го обвинувате партнерот за тоа. Припадниците на овој знак кои се во тајна врска не треба да останат во неа. Свесни сте дека нема перспектива за вас во таа приказна.

Лав

Доколку сте посветени на својата работа, може да очекувате дека ќе успеете да остварите одлични резултати. Ќе имате и добра комуникација со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, апсолутно ви одговара ситуацијата каква што е сега во врската. Без турбуленции, без изненадувања. Сакате спокој, но запаѓате во монотонија.

Девица

Можете да научите многу за вашиот партнер ако слушате внимателно денес. Ќе имате искрена комуникација и нежност во врската. Не обидувај се да го наметнете своето мислење или да го осудувате однесувањето на саканата личност. Не плашете се да застанете пред поголема група луѓе и да ги кажете вашите замисли.

Вага

Потребно е малку убедување, шарм и трпение за да стигнете до личноста што неодамна ја запознавте и која емотивно ве заинтригирала. Не губете надеж и не размислувајте за најлошото, ако таа личност не одговори на вашите телефонски повици. Не е ништо посериозно од нејзините деловни обврски. Сигурно набрзо ќе добиете одговор.

Скорпија

Ако планирате да излезете со саканата личност, не очекувајте работите да одат без проблеми. Неочекувани настани ги нарушуваат вашите планови. Нема причина за паника, во прашање се позитивни работи кои го бараат вашето внимание, а ги засегаат другите луѓе. Ќе имате позитивно влијание врз нечиј живот.

Стрелец

Во еден разговор, во никој случај не обидувајте се да се претставите поинакви отколку што навистина сте. Не ја избегнувајте вистината, а особено немојте да разубавувате некои работи. Вашата неискреност ќе биде откриена многу брзо. Бидете оптимисти за оваа врска, а на таа личност ѝ се допаѓате повеќе отколку што мислите.

Јарец

Убав ден на хармонични односи, но и на промени на работа кои имаат за цел подобро да ве позиционираат. Оставете барем еднаш партнерот да ги брани општите интереси. Тој ќе се соочи многу подобро од вас. Потребно е да се движите повеќе. Ќе биде интензивирана потребата за блискост со личност од работа.

Водолија

Денес ќе го покорите светот! Под влијание на ѕвездите, ќе бидете најатрактивната личност каде и да се појавите. И на работа, и во вашето приватно опкружување. Ќе се гледате во огледалото и ќе се восхитувате на вашиот одраз. Барајте многу, бидејќи го заслужувате. Дозволете партнерот да ве разгалува. Заборавете на скромноста.

Риби

Не се затворајте во четири ѕида и не се обидувајте да извршувате вонредни нешта во домот колку само да го поправите расположението. Ќе работите нешто кое во моментов не е неопходно, а мислите и понатака ќе ви талкаат и така нема да го решите проблемот. Најдете начин за исфрлање на негативната енергија.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....